Бизнис каталог 2020 / летно издание

Почитувани

Пред вас е летното издание на Бизнис каталог на Република Северна Македонија за 2020 година. Година во која бизнисот, деловната комуникација, промоциите, туризмот и многу други фактори на општествено-економското живеење се подредени на здравствената криза предизвикана од пандемијата со вирусот Ковид-19. Но и година во која дигитализацијата и современите форми и алатки за комуникација го достигнаа врвот и ја докажаа својата вистинска вредност.

Маркетингот и промоцијата и натаму остануваат значаен и витален субјект на економскиот опстанок, за што говори и присуството на голем број компании од различни области на страниците на ова издание. Бизнис- интервјуа од авиосообраќајот, електроиндустријата, технологијата, осигурувањето, медицината, деловниот консалтинг и обукитe се значаен дел од каталогот, дополнети и со содржини од областа на културата и спортот, а традиционално во ова издание ги промовираме и најуспешните жени менаџери за 2019 година, кои агенцијата „Марили“ ги прогласува веќе 24 години. Со тоа даваме свој придонес кон развојот на женското менаџерство и етаблираноста на жената во бизнисот. Промоцијата на природните убавини на нашата земја е секогаш значаен сегмент во нашите изданија и присутен на воведните страници, а оваа година понагласено ги претставуваме убавините низ темата „Скриените туристички потенцијали на Македонија“, со што ќе ги поттикнеме странските гости, туристи и случајни намерници, но и домашните граѓани да ја истражат и да ја запознаат повеќе својата земја.

Каталогот останува присутен во бизнис и во вип-салоните на ТАВ аеродромите во Скопје и во Охрид, во амбасадите, хотелите, во издавачката куќа „Матица“ и во слободна продажба. Тој ги следи современите форми на електронска презентација и поставен е на вебпорталот на агенцијата „Марили“ www.marili.com.mk каде што и електронски се прелистува. Присутен е и меѓу нашата дијаспора во Европа и во светот и претставува одличен спој меѓу деловните субјекти за размена на информации, можност за деловна соработка и инвестиции во нашата земја.

Република Северна Македонија како рамноправна членка на НАТО и статус на земја кадидат за влез во Европската Унија цврсто чекори кон својот пат на развој на економски и на секој друг план. Оттаму и каталогот со својот современ концепт продолжува да ги афирмира можностите на земјата и да придонесува за нејзиниот европски лик. 

 


Статијата е прочитана 1404 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско