„Л&Н&Т Диагностик Скопје“ - Одржана работилница „Иднината на регенеративната медицина‘’, презентирани производите на светски познатиот турски бренд Т-Lab

На 22.3.2025 во хотел Парк&СПА, Скопје се одржа презентација со интерактивна работилница на тема „ИДНИНАТА НА РЕГЕНЕРАТИВНАТА МЕДИЦИНА“ преставена преку производите на светски познатиот турски бренд Т-Lab и ексклузивниот дистрибутер за територијата на Република Северна Македонија - Л&Н&Т Диагностик Скопје.

Настанот го отвори основачот и директор на Л&Н&Т Диагностик Скопје, г-ѓа Наташа Паунова Блажевска, а запознавањето со новитетите беше објаснето од експертот за регенеративна медицина, основач и директор на Т-Lab- Турција, г. Timur Veysel Dogruok.

На настанот присуствуваа околу 40 доктори од различни области  на медицината, и тоа: дерматологија, естетска медицина, пластична хирургија, физијатрија, ортопедија, гинекологија, стоматологија…

Сите беа запознаени со теоретскиот и со практичниот дел за добивање на ПРП, ПРФ, Биофилер и Егзозоми на автологен начин, т.е. од сопствената крв на пациентот.

Новитет за сите беа Егзозомите кои единствено од овој производител се добиваат од сопствената крв на пациентот, а сите други на пазарот се синтетички добиени.

Им благодариме на сите за присуството, и на предавачите и на присутните, и ви закажуваме следна средба, кога ќе разговараме за добивање матични клетки.


Статијата е прочитана 89 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско