За нас

Годинава која е пред нас, 2022, за агенција „Марили“ ќе биде уште еден предизвик за нов проект – МАРИЛИ  БИЗНИС ФОРУМ, чиј главен фокус „Женска бизнис раскрсница“ е справување со предизвиците во различни полиња на деловниот и приватниот живот.

Овој тематски настан ќе се одржи во мај 2022 година во Охрид и ќе има регионален карактер со учесници и гости на панел дискусии од Македонија и од бившите ЈУ-простори. 

Финале на Форумот ќе биде традиционалната манифестација „Избор на најуспешни жени менаџери“, која во 2021 година заокружи 25-годишен јубилеј. Годинава манифестацијата оди чекор понапред и ќе награди успешни жени менаџери, лидери и претприемачи од нашата земја, но и од регионот. Симболика на оваа манифестација е статуетката „Жена водилка“, авторско дело на академскиот вајар проф.др Никола Смилков која ќе ја добие секоја наградена менаџерка. Со тоа, оваа манифестација, која регинално е со најдолга традиција на Балканот продолжува да биде стожер на промоцијата на успешните бизнис приказни на жените што се пример за младите генерации, но и поттик за нови идеи за развој на женското менаџерство.

Сите овие лауреатки автоматски ќе станат и членки на МАРИЛИ БИЗНИС КЛУБ, кој опстојува веќе седум години во континуитет. Целта на Клубот е жените да се вмрежуваат, соработуваат, да разменуваат идеи и искуства, да работат на хуманитарни проекти од општествено значење, а во услови на пандемија и взаемно да се помагаат.

Агенција „Марили“ ја продолжува и 25-годишната традиција на издавање на единственото ексклузивно издание „Бизнис каталог на Р.С.Македонија“. Каталогот ја промовра нашата земја со сите нејзини значајни капацитети – природни, географски, економски, еколошки, културни, спортски...

Најновото издание посебно се осврнува на екологијата и го посветува воведот на еколошките региони во државата како потенцијал за развој на туризмот. Покрај тоа, значајни прашања за зачувување здрава животна средина се третираат и низ останатите интервјуа во каталогот. Со тоа ова издание, кое е англиско-македонско и е поставено во електронска форма на веб порталот на агенција „Марили“ www.marili.com.mk продолжува да ги афирмира можностите на земјата и да придонесува за нејзиниот европски лик.


Сподели:


КБ Прво пензиско