Бизнис каталог 2021 / јубилејно издание
Почитувани,
Пред вас е јубилејниот Бизнис каталог на Република Северна Македонија, со кој агенцијата „Марили“ годинава одбележува 25 години континуирано издавање на ова единствено и ексклузивно издание од ваков тип.
Каталогот содржи голем број бизнис-интервјуа со жени менаџери што се дел и од друг јубилеј на „Марили“ – 25 години од Изборот на најуспешни жени менаџери, но во него има и интервјуа со значајни стопанственици што повеќе од три децении се присутни во македонската економија и се синоним за континуирано успешно менаџирање. Содржи и интервјуа со претставници на културата и спортот што се наш репрезентант во Европа и во светот.
Воведниот дел на каталогот е посветен на 30-годишнината од независноста на нашата земја со наслов: „Три децении самостојна држава – некогаш вековен идеал, денес аманет за идните генерации“. Во него се забележани историски датуми од воспоставувањето на самостојноста и државноста, важни културни и археолошки податоци за нашата самобитност и идентитет, како и податоци за писменоста, фолклорот и обичаите, сето она што нѐ идентификува како посебен народ и култура на европската територија.
Во текот на годините каталогот, како траен запис, претставува сведоштво на едно време, а годинава е сведоштво на економски опстанок во услови на пандемија. Јубилејното издание е заокружување на напорите на агенцијата „Марили“ преку овој проект да го промовира најдоброто од земјата, да го потврди континуитетот во секој поглед, со што се втемелуваме како сериозен економски и културен субјект на европската мапа на вредности.
И со ова издание каталогот ги потврдува современите форми на дистрибуција и промоција. Присутен е во електронска форма на веб порталот на агенцијата „Марили“ www.marili.com.mk, кај дијаспората, во странските амбасади и конзулати, во ексклузивните хотели и во широката продажна мрежа каде што нуди одлични подароци за читателите.
Каталогот останува најдобриот промотор на државата и придонесува за нејзиниот европски лик како туристичка, културна и бизнис-дестинација што нуди можности за инвестиции и заемна комуникација на деловните субјекти од земјава и од светот.
Уредник
Лидија Трипуноска
Статијата е прочитана 2356 пати.