Бизнис каталог 2023

Почитувани,

Новото ексклузивно издание на Бизнис каталог за 2023 година ја задржува уникатноста на промотор на најдоброто од нашата земја, како во културата, така и на економски план.

Воведот насловен како „Македонскиот бит вткаен во јазикот, духовните корени, вековните обичаи и културата“ ги одразува автентичноста и посебноста на нашата традиција и на нашиот народ.

Темата за македонскиот бит од различен аспект е третирана и во интервјуата на гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, на претседателот на Стопанска комора на Република Северна Македонија, Бранко Азески, како и во интервјуто на нашиот пијанист од светски ранг, Симон Трпчески.

Големиот број бизнис-интервјуа со наши стопанственици го одразуваат актуелниот бизнис миг и напорите за надминување на тековните кризи. Голем дел од интервјуата се водени со успешни жени менаџери што се дел од двата значајни проекта на Марили, манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери“ и Марили Бизнис Форум, кои и оваа година имаат регионален карактер.

Актуелноста на ова издание е обезбедена со современите форми на дистрибуција и промоција. Присутен е во електронска форма на порталот на Марили www.marili.com.mk, во ексклузивните хотели во земјава, во странските амбасади и конзулати, во регионот и помеѓу нашата дијаспора.

Бизнис каталогот ги одразува сите напори на нашата млада економија да биде дел од современите европски текови и да понуди можости за инвестиции и заемна комуникација на деловните субјекти од земјава и светот. Бизнис каталогот на Република Северна Македонија веќе 27 години ги негува трајните вредности за опстанок и развој на македонската економија и претставува темел за градење на здраво општество со стабилно и развиено стопанство.

 

Уредник
Лидија Трипуноска

 

 

ИНДУСТРИЈА
 
ФАРМАЦИЈА
 

 

 

 

МЕДИЦИНА
 
РУДАРСТВО
OСИГУРУВАЊЕ

 

 

ПРОИЗВОДСТВО
 
 
 

 

 

 

УСЛУЖНИ ДЕЈНОСТИ
 
 

 

 

Статијата е прочитана 1064 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско