Бизнис каталог 2025

Пред вас е новото издание на Бизнис каталогот на Северна Македонија за 2025 година, кој традиционално веќе 29 години е промотор на најдоброто од нашата земја во делот на културата, туризмот, економијата и бизнисот. Овој пат посебно место издвојуваме за поврзаноста на културата и туризмот во воведниот дел со наслов „Културно-туристички мозаик“.
Во делот на економијата значајно место зазема интервјуто со гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, насловено како: Народната банка - Стожер на макроекономската стабилност и поддржувач на засилувањето на структурните реформи.
Исто така, присутни се голем број интервјуа со претставници од бизниссекторот што заокружуваат поглавја во своите компании со долгогодишни јубилеи. Традиционално, присутни се и интервјуа со успешни жени менаџерки што се дел и од манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери“ што годинава се организира 29. пат на регионално ниво.
Голем дел од темите му се посветени на туризмот, како дел од регионалниот „Марили Бизнис форум“, кој годинава го организираме четврти пат.
Каталогот е достапен и во електронска форма на порталот на „Марили“, marili.com.mk. Исто така, го има во странските амбасади и конзулати, во ексклузивните хотели, во продажната мрежа, а може да се набави и онлајн.
Присутен е во регионот и меѓу нашата дијаспора, а негова цел е да овозможи размена на информации меѓу деловните субјекти и да ги поттикне можностите за инвестиции.
Бизнис каталогот го задржува имиџот на најдобар промотор на нашата држава на културен, туристички и бизнис-план, ги одразува напорите кон евроинтеграциските процеси и вредно работи на градењето европски лик на македонската економија.
Статијата е прочитана 42 пати.