Бизнис каталог 2026
Пред вас е новото издание на Бизнис каталогот на Северна Македонија за 2026 година, кој оваа година прославува 30-годишен јубилеј, проект кој традиционално веќе три децении години е промотор на најдоброто од нашата земја во делот на културата, туризмот, економијата и бизнисот. Овој пат во Воведот на Бизнис Каталогот, посебно место издвојуваме за 35 години независност на современата македонска држава.
Во делот на економијата значајно место заземаат интервјутата со министерката за енергетика, рударство и минирални суровини, Сања Божиновска, како и интервјуто со првиот човек на Сојузот на стопански комори на Македонија, Горан Ѓорѓиевски.
Исто така, присутни се голем број интервјуа со претставници од бизнис секторот што заокружуваат поглавја во своите компании со долгогодишни јубилеи. Традиционално, присутни се и интервјуа со успешни жени менаџерки што се дел и од манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери“ што годинава се организира 30. Пат, јубилејно. Годинава, по повод 30 роденден на агенција „Марили“ и нејзините најважни проекти, 30 жени менаџери ќе бидат наградени за нивното долгогодишно, континуирано, успешно менаџирање и траен придонес кон македонската економија. Сите лауреатки ќе добијат награда статуетка „Жена водилка“, авторско дело на академскиот вајар, проф. д-р Никола Смилков.
Каталогот е достапен и во електронска форма на порталот на „Марили“, marili.com.mk. Исто така, го има во странските амбасади и конзулати, во ексклузивните хотели, во продажната мрежа, а може да се набави и онлајн.
Присутен е во регионот и меѓу нашата дијаспора, а негова цел е да овозможи размена на информации меѓу деловните субјекти и да ги поттикне можностите за инвестиции.
Бизнис каталогот го задржува имиџот на најдобар промотор на нашата држава на културен, туристички и бизнис-план, ги одразува напорите кон евроинтеграциските процеси и вредно работи на градењето европски лик на македонската економија.
Статијата е прочитана 23 пати.







































