Во Приштина се одржа регионалната конференција „Го сакам Балкан“ за женско претприемништво и женски активизам

Стотина жени претприемачки и менаџерки од земјите од Западен Балкан беа дел од Регионалната конференција „Го сакам Балкан“ која се одржа од 15 до 17 септември во Приштина, во организација на Balkan women association. Конференцијата имаше за цел да го промовира женското претприемништво и женскиот активизам во Западен Балкан.

Главната организаторка, госпоѓа Санија Мурати покани претставнички – жени од бизнисот од Црна Гора, Косово, Албанија, Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Србија да бидат дел од оваа конференција на која и претходеше промоција на заедничкиот проект „Women book“. Овој проект беше започнат во 2018 година, а поради пандемијата дефинитивно е финализиран во 2022 година. Во книгата се претставени по 10 инспиративни приказни на жени од бизнисот од секоја земја од Западен Балкан.

                                  

Девет од жените претставнички од Македонија се членки на МАРИЛИ БИЗНИС КЛУБ, а пет од нив беа присутни на конференцијата во Приштина.

Конференцијата беше поддржана на највисоко ниво со присуство на вицепремиерката на Косово, претставници од организацијата Lady и на Western Balkans Fund и други, а гости беа претставници од различни организации поддржувачи на женското претприемништво, како и амбасадорката на Северна Македонија во Косово, Шпреса Јусуфи. Панелисти беа претставнички на женски организации од секоја земја, меѓу кои и госпоѓа Лидија Трипуноска, како претставник на МАРИЛИ БИЗНИС КЛУБ. Тие на панел дискусиите ги истакнаа своите активности и заложби за активизмот на жената во бизнисот на различни нивоа.

Беше воспоставена одлична соработка, пред се, со госпоѓа Санија Мурати, но и со другите жени од регионот кои беа поканети да учествуваат на следните проекти на агенција „Марили“ за 2023 година.  


Статијата е прочитана 558 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско