Одржана редовната есенска средба на „Марили Бизнис Клуб“, промовирани новите членки на Клубот

На 4.10.2024 година, во просториите на Стопанската комора на Северна Македонија беше одржана редовната есенска средба на „Марили Бизнис Клуб“ (МБК) во рамки на која беа  промовирани новите членки на Клубот и се проговори за идните планови на Клубот, како и за проектите на маркетинг агенцијата „Марили“ за 2025 година. Нови членки на клубот се најуспешните жени менаџери, прогласени на манифестецијата „Избор на најуспешни жени менаџери“ од земјава и регионот, која се одржа на 18.05.2024 година, во Скопје.

Нови членки се:

Д-р Катерина Бошевска, Главна извршна директорка на EOS Македонија и ЕОS Косово

Жанета Бадаровска Ѓорѓиевска, Генерална менаџерка на „Камел 98“ од Виница и Кочани

М-р Евгенија Ѓорѓиеска, Извршна менаџерка во „Ламинати Ком“ Прилеп

Цветанка Илиева, Генерална менаџерка на „Бистро Груп ДООЕЛ“ Гевгелија

М-р Ирена Јакимова, Соптвеничка и генерален менаџер на „Инспирит Коучинг“ Скопје

Д-р Јелисавета Георгиева – Јовевска, Потпретседателка на Стопанска комора на Северна Македонија

M-р Клаудија Лутовска, Генерална менаџерка на „Сеттим Консалтинг“ Битола (Скопје)

Марија Патриклиска, Менаџерка во Оддел за човечки ресурси во „ЕАМ“ ДОО од Штип

М-р Маја Наумовска – Савеска, Директорка на корпоративни и маркетинг комуникации во „Халкбанк“ А.Д. Скопје

М-р Весна Ставрова, Генерална менаџерка на ПЗУ Аптека „Сара Фарм“ Скопје

Д-р Сања Путица, Менаџер за односи со јавност и инвеститори „Атлантска пловидба д.д – Дубровник, Р. Хрватска

М-р Дариа Шуриќ, Генерална менаџерка на „ДарМел“ Загрев, Р. Хрватска

М-р Зорана Пејчиќ, Претседателка на „СорС Академија“ Белград, Р. Србија

На средбата беше прогласена и почесната членка: Д-р Александра Наќева – Ружин од компанијата „Клима Оптима“ од Скопје.

Специјално за оваа средба, од Белград допатува и м-р Зорана Пејчиќ, една од овогодинешните лауреатки, која е претседателка на СорС Академија од Белград.

Исто така, на средбата присуствуваше проф. д-р Гордана Николиќ, соптвеничка и декан на ПАР Универзитетот од Ријека, Р. Хрватска. Таа е членка на МБК и беше прогласена за една од најуспешните жени менаџери во 2022 година. Таа е и членка од Здружението на деловни жени „Круг“ од Р. Хрватска и ќе биде учесник на следниот „Марили Бизнис Форум“ 2025 година, посветен на туризмот.

На средбата се проговори за реализираната средба на лауреатките со претседателката на Р.С. Македонија, г-а Гордана Сиљановска - Давкова, за идните планови на МБК, како и за новите проекти на агенција „Марили“, односно за „Бизнис Каталогот на Р.С. Македонија за 2025 година, чиј воведен дел ќе биде посветен на туризмот, а се проговори и за следниот „Марили Бизнис Форум“ каде исто така, главна тема ќе биде туризмот во земјава и регионот.

На членките и сите присутни, компанијата „Дермаестетика Доо Скопје“ која е застапник и дистрибутер на козметичкиот бренд „Гуинот Институт Париз“ им додели вредносни ваучери со 20 % попуст на нивниот најпрестижен третман ХИДРАДЕРМИЈА ХИДРАЦЕЛУЛАР, како и бесплатна консултација и совет од д-р Маја Петаноска.


Статијата е прочитана 551 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско