„Марили Бизнис Клуб“ донираше апарат за безболни крвни анализи во детската болница „Козле“
„Марили Бизнис Клуб“ утрово ја предаде донацијата на ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај децата Козле. Станува за збор за апарат АФИАС –6, имунофлуросцентен анализатор кој е единствен интегриран систем (примерок –резултат) и овозможува да се работат шест различни тестови истовремено.
Апаратот овозможува безболно земање на крв, а членките на „Марили Бизнис Клуб“ со нивната донација овозможија и купување на 500 тестови за апаратот.
Апаратот на „Марили Бизнис Клуб“ го отстапи членката Наташа Блажевска, генерална менаџерка на Л&Н&Т Диагностик од Скопје.
На примопредавањто на донацијата, генералната менаџерка на агенција Марили, Лидија Трипуноска изјави дека и претставува големо задоволство што донацијата е наменета токму за децата, бидејќи апаратот овозможува дечињата да не се трауматизираат и безболно да им се вршат брзи и безболни крвни анализи“.
Од Интситутот се заблагодарија за донацијата.
„Нашиот Институт е благодарен за донацијата што ја направија членките на МарилиБизнис Клуб. Наташа Блажевска од Л&Н&Т Диагностик која го отстапи апаратот на Клубот, а другите членки придонесоа да купат тестови за работа на овој апарат. Овој апарат е особено важен за воспоставување рана дијагноза кај децата во однос на тоа дали се работи за вирусна или бактериска инфекција. Го скратува времето за чекање на резултати и користи малку крв и секогаш се користи капиларна крв“, изјавија од ЈЗУ „Институт за белодробни заболувања кај децата Козле“ во Скопје.
Членки на „Марили Бизнис Клуб“ кои учествуваа во хуманитарната донација се:
Проф. Даниела Карадаков - „Нептун“, Скопје; Татјана Узунова Георгиевска – „3Д Проект студио“, Скопје; Мара Акимовска - „ЕЛ Фарма“, Скопје; Даниела Ташевска Малева - „Еуроинг“, Гевгелија, Билјана Божиновска - „Анни Фарм“ Скопје; Олгица Ѓоргиева – „ГО“ Модно студио, Скопје; Фросина Ќудина – „Дерма Белла“, Скопје; Пенка Мукаетова - „Консалтинг Интер Груп“, Скопје; Даница Личанин Блажевска - „Рептил маркети“, Скопје; Викторија Шотароска Трајкова – „П.И.К. Ко“, Скопје; Тања Евросимовска - БиМек/Матрона, Скопје; Васка Мојсовска – „Агро Калем“ Тимјаник, Неготино; Виолета Поп Василева – АД „НОБ Независен Осигурителен Брокер“,Скопје; Тања Милисковиќ - „Кромберг и Шуберт Македонија“; Жанина Петрова Грајиќ – „ВИЗИЈА“, Скопје; Ана Марија Вуковска – „Property One“/ „Parallel Group“, Скопје; Eлена Младеновска Јеленковиќ – „М6“ Скопје; Филомена П. Аспровска – „CaSys“ Скопје; Ирена Јакимовска – „Comfy Angel“, Прилеп; Даниела Перканоска – „Автоконтрол Сервис“, Прилеп; Енкеледа Стефановска – „АД Вербум“, Скопје; Сузана Темелковска - „Еуромак Контрол“, Скопје; Весна Стојановска – „КБ Прво пензиско друштво“, Скопје; Магдалена Трајковска Трпевска – „Технолаб“, Скопје; Билјана Караманолевска – „Светот на Колорес“, Скопје; Анита Спасовска - „Wise consulting“, Куманово; Елида Трајковска – „Хауз Мајстор Фасилити“, Скопје; Д-р Горица Дачевска – „Ординација Д-р Горица“, Скопје; Ленче Карпузовска – ЕВН Македонија; Маја Ацески – „Текстил Солушнс“, Скопје; Марина Данева – „АПАВЕ СЕЕ“, Скопје; Весна Мицева Тодоровска – „КСЦ Нет“, Скопје; Викторија Рафајловска - „Викторија БОБ“ , Гостивар; Наташа Стојковска – „Витаминка АД Прилеп“, Прилеп; Марта Наумовска Грнарова – „Завар“, Скопје; Смилка Саркањац – „Медиа Солушн“, Скопје; Јасна Петрушева - „Мермерен комбинат“, Прилеп, Шемса Емшериев - „Еуро Степ“, Скопје и Жанета Џафер - „Жанета Естетик“, Скопје.
Организацискиот директор на ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај децата Козле, м-р Тахир Таири и додели на агенција „Марили“ благодарница за реализираната донација. Исто така, им се заблагодари на Наташа Блажевска, генерална менаџерка на Л&Н&Т Диагностик од Скопје која го отстапи апаратот, како и на членките на „Марили Бизнис Клубот“ за нивниот придонес.
Хуманитарната донација беше соопштена на манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери“ на 27.05.2023 година, кадешто пристутвуваа и членките на Марили Бизнис Клуб, како и директорот Тахир Таири и доктор специјалист педијатар, Мирјана Поповска, која имаше пригодно обраќање.
Статијата е прочитана 1285 пати.