Квалитет во континуитет - Детските градинки „Светот на Колорес“ добитници на наградата Еmirates Award of Excellence Dubai 2025

Генералната менаџерка на приватните детски градинки „Светот на Колорос“ од Скопје, Билјана Караманолевска ја прими наградата Еmirates Award of Excellence Dubai 2025, или придонес и извонредни достигнувања во развојот на општеството, како резултат на успешно воспоставената соработка помеѓу „Светот на Колорес“ Македонија и Дубаи.

„Ова признание не е само потврда за квалитетот и посветеноста што ги вложуваме во нашата работа, туку и симбол на новите мостови што ги градиме меѓу Македонија и светот. Соработката со Дубаи отвори нови хоризонти, а оваа награда е поттик за уште поголеми успеси и проекти што ќе го поврзуваат креативниот дух на Македонија со глобалната сцена.Од срце благодарам за довербата и поддршката. Ова е само почеток“, изјави Караманолевска.

Билјана Караманолевска, жената која гордо стои зад препознатлиот бренд „Светот на Колеорес“ е лауретка на манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери“ за 2017 година и добитничка на статуетка „Жена водилка“, настан кој со децении го организира агенцијата „Марили“ од Скопје.

Караманолевска кон крајот на 2022 година ја доби наградата „Најжена на XXI век“на регионалната манифестација во Белград,, а градинката „Светот на Колорес“ доби и награда за континуиран квалитет, безбедност и здрав развој на децата, како и „Плакета за лидер кој поместува граници“ – најдобра воспитна установа од Скопје.

Минатата, 2024 година „Светот на Колорес“ беа единствени претставиниц од Македонија на седмото  доделување на наградите на извршниот директор на Бурџ Брендот на мрежата на клубови на извршни директори ширум светот, познат како „Оскари“ на светот на бизнисот.

Исто така, градинката минатата година во Брисел се стекна со уште една награда, Award for development of preschool education односно Награда за развој на предучилишно образование.

„Светот на Колорес“ располага со три градинки во повеќе скопски населби, а карактеристични се по специфичниот пристап во воспитувањето на децата. Организираат прошетки, екскурзии, кампови, детска јога, пливање, јавање, спортски активности, готвење, а организираат и хуманитарни базари заедно со дечињата од градинките.   

„Наша цел е секое дете индивидуално да се здобие со одредени способности: да развие интелигенција, креативност и талент; да може само да донесува одлуки; да ги почитува и да се грижи за другите и за природата; да се развијат доверба и независност.Нашиот тим е лиценциран и постојано се едуцира, посетува семинари на кои се надградува со нови идеи за поголемо усовршување на програмата што е изработена од нашиот стручен тим и адаптирана според потребите за правилен раст и развој на секое дете. Пристапот кон секое дете е индивидуален со максимална посветеност, со што им се овозможува брзо да се адаптираат и да ги почувствуваат топлината и позитивната енергија во нашата градинка.“ вели Караманолевска во едно од интервјуата за „Марили“. 


Статијата е прочитана 137 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско