Екокозметика „тианДe“ - производи со врвен квалитет во служба на здравјето и убавината

Интервју со м-р Дафинка Ивановска, извршна менаџерка во „Ревитал козметикс“ - Скопје и Рубинов директор во „тианДе“. „Ревитал козметикс“ е компанија којашто успешно работи на македонскиот пазар повеќе од една деценија, а доказ за нејзините успеси и континуитет се презадоволните клиенти кои ја користат екокозметиката „тианДе“ со врвен квалитет.  Во превод од кинески „тианДе“ значи небесно совршенство, а производите, како што вели Ивановска, им носат убавина и здравје на луѓето. Оваа руска козметичка компанија е присутна во 36 држави низ светот, а производите содржат екстракти од растенија и билки одгледани во еколошки чисти реони во Кина и Тибет...

„Во „тианДе“ не се продаваат производи, се продаваат резултати“, вели Ивановска.

 М-р Ивановска, покрај тоа што е мајка, сопруга и извршна менаџерка, таа веќе 28 години е успешна адвокатка. 

МАРИЛИ: Од каде потекнуваат идејата и инспирацијата да ја донесете екокозметиката „тианДе“ во земјава? Колку време постоите на македонскиот пазар и за каква козметика станува збор?

ИВАНОВСКА: Пред сѐ, им изразувам голема благодарност на агенцијата „Марили“ и на г-ѓа Лидија Трипуноска што постојат и што ми овозможија да бидам дел од нивните проекти. Како мајка неизмерно сакам моето семејство да биде здраво, средината во која живееме да биде еколошки чиста и сите да ја заштитуваме природата. Ако семејствата во една држава се здрави, секој член на заедницата ќе има јасна мисла и енергија за работа и реализација на одлуките, за секаков вид општествено-економски напредок.

Желбата за придонес и за развивање чувство за примена на еколошки производи кај нашето население и пошироко ја зацврстија мојата одлука и ние во Македонија да имаме производи со долгогодишни тибетски рецептури, создадени и усовршувани низ многу илјади години на Тибет. Тибет е најеколошка област во светот.

Кога пред 12 години ја осознав моќта на производите од нивното користење, бев цврсто убедена и сигурна дека на сите ќе им се допаднат. И си реков: „Зошто и граѓаните на Македонија да го немаат ова совршенство, овие производи со рецептури со врвен квалитет?“ Времето докажа дека имав право.

Сите ги засакаа производите. Голем број семејства ја користат оваа палета на производи. Секој што пробал производ од брендот „тианДе“ останал верен потрошувач и веднаш им го препорачал и на други. Па, така, за кратко време производите почнаа да се користат низ цела Македонија и пошироко. Во превод од кинески „тианДе“ значи небесно совршенство, а нашите производи им носат убавина и здравје на луѓето.

Во 2007 година е основана „тианДе“, руска козметичка компанија што е присутна во 36 држави низ светот. Во нејзините технологии се следат традиционалните кинески лекувачи.

Производството се одвива во согласност со меѓународните стандарди ISO 901 и стандардот GMP за кој е потребно да се извршат 20.000 пати испитување на секоја билка во составот на производите.

Поради тоа, козметиката се нарекува козмецевтика, во неа се користат кинески рецепти од пред 5000 години, рецепти што се испитувани и користени во источната медицина и имаат биообнова, произведени се со помош на најсовремени технологии.   

МАРИЛИ: Што содржи палетата производи што им ја нудите на клиентите? Какви здравствени придобивки нудат овие производи покрај нега и убавина?

ИВАНОВСКА: Производите се наменети за лица на сите возрасти, од 0 до 100 години. За мажи, жени, деца, бебиња, за лична и домашна хигиена, за убавина и здравје, а сето тоа со примена и заштита на природата. Козметиката е наменета за секаков тип кожа за мажи и жени, шампони за различни типови коса, гелови за туширање, гелови и млеко за тело, производи од технологијата СПА, производи за детоксикација на кожата, стапалата и целото тело, производи за релаксација. Сите производи се уникатни, а може да се видат и нарачаат на нашата официјална веб-страница www.tiande.mk.   

Најпродавани производи се уникатните и специјални влошки на брендот „тианДе“, со специјални билки, по кои сме најпознати во нашата држава и во светот.

Со користењето на нашите производи се отстрануваат брчките, заморот, се подобрува циркулацијата на крвта и лимфата, се подобрува квалитетот на спиењето, се отстрануваат токсините, маснотиите и, воопшто, се подобрува општата состојба на телото.

Сето тоа ги зголемува енергијата и продуктивноста кај консументите, се зголемува самодовербата, а тогаш луѓето се среќни. Брендот „тианДе“ носи здравје и убавина. Задоволство е да си подариш момент за лично уживање со квалитетни козметички и релаксирачки средства.

Овие производи го нудат тој момент. Во „тианДе“ не се продаваат производи, се продаваат резултати.

Тие го менуваат менталитетот на луѓето, ја заштитуваат природата преку нивната употреба, човекот не е подложен на токсикација и не ја загадуваат околината.

Природата дала сѐ, а ние треба само паметно да ја користиме и мудро да ја заштитуваме. Наша должност е совесно да мислиме на идните генерации!

Затоа логото на брендот „тианДе“ е: Лесно е да си среќен!

МАРИЛИ: Со оглед на уникатноста и спецификата на козметиката „тианДе“, колку се важни соодветната обука и едукација за промоција и продажба на производите? Освен во државава, дали Вашиот асортиман се бара и продава и во регионот?

ИВАНОВСКА: Поради специфичноста на производите и нивната благотворност, секој дистрибутер на брендот „тианДе“ поминува теоретска и практична обука.

На тој начин се усовршуваат неговата личност и карактер, неговиот начин на однесување кон себе, кон семејството, кон работниот колектив, а потоа ги изучува производите, нивната конкретна намена и употреба и правилната препорака за потребите на клиентот. Сите наши членови користат широка палета на нашите производи и на тој начин со задоволство им ги препорачуваат на другите. 

За нашите членови спроведуваме специјализирана обука по светски стандарди, односно не само што го споделуваме нашиот успех, туку и секого го учиме како да биде успешен во делот на финансиите и во делот на семејството. За нас работата претставува задоволство, а секој што е заинтересиран и има желба за успех добредојден е во нашиот тим.

МАРИЛИ: Покрај менаџерската позиција во „Ревитал козметикс“, Вие сте и успешна адвокатка. Според Вашето мислење, што е пресудно жената да напредува во кариерата? Дали тоа се личните карактеристики, образованието (формално и неформално), поддршката од тимот, од семејството или, пак, станува збор за нешто друго?

ИВАНОВСКA: За да напредува, жената треба да биде здрава. Ако таа е здрава, здраво ќе биде и семејството, а општеството силно.

Домашното воспитување, желбата за постојана едукација и образование, нејзината упорност, истрајност, јасно зацртаните цели и разумното донесување одлуки, сето тоа жената ја прави промотор и двигател во општеството.  Поддршката од семејството, хармонијата и љубовта уште повеќе придонесуваат жената да напредува на секое општествено поле.

Тајната на успехот се состои во следново: поставување цел, одлично разработен план, пет успешни луѓе во опкружувањето што ќе комуницираат и на крајот систем на обуки со 20 отсто теорија и 80 проценти практика, а се покажа дека сето ова е многу значајно.

Драго ми е што сите работи ги најдов во овој бизнис, а тајната е што јас со успех ги извршувам двете професии, како извршна менаџерка во компанијата „Ревитал козметикс“ и како адвокатка повеќе од 28 години.

Исклучително сум му благодарна на целокупниот мој тим со кој имам неизмерна соработка и разбирање. Без нив немаше да бидам ова што сум денес.

МАРИЛИ: Работата Ви налага постојано да бидете динамична и во движење. Што Ви дава елан, но и Ве релаксира во слободното време? Која е Дафинка Ивановска приватно?

ИВАНОВСКА: И двете професии, адвокатка и извршна менаџерка, налагаат динамичност и голема концентрација. Користењето на производите од нашата компанија има голема заслуга за тоа.

Ги исфрлив токсините од телото, енергијата ми се зголеми, а на тој начин се чувствувам поработоспособна, повесела и поенергична отколку пред 12 години, пред да го донесам овој бренд во Македонија. Уживам да читам, духовно да се надградувам и физички да бидам активна.

Во нашата компанија ние сме едно големо семејство и секој секому му помага во секоја смисла. Патувањата, дружењето и создавањето нови пријателства низ целиот свет што ги овозможува „тианДе“ ја разубавуваат и зголемуваат смислата за работа и живот. Кај нас се сплотени едукацијата и патувањата.

Задоволство е кога ќе си дадеш подарок. Моите пет внуци ми даваат голема енергија како темпирана бомба, ми даваат смисла за постоење и зголемување на мојата животна енергија.

Исклучително сум му благодарна на целото мое семејство за неизмерната поддршка, помош и разбирање! Максимата на мојот семеен грб е: Сѐ е можно!

 

 


Статијата е прочитана 1061 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско