„ЕЛЕНА ЛУКА“ – авангарда на македонската мода, гради успешни приказни и во други индустрии
Интервју со Елена Пандева, сопственик и генерален менаџер на брендовите ELENA LUKA, FashionEL, ELENA LUKA HOME и ELENA LUKA ENGINEERING. Пандева е врвна македонска модна дизајнерка која несомнено успева своите талент, труд, умешност, креативност и организациски способности да ги имплементира во сите индустрии во кои делува и работи. Успесите на сите полиња се неизбежни и загарантирани, па така и ELENA LUKA HOME и ELENA LUKA ENGINEERING прераснаа во реномирани компании кои се репрезент на највисоките светски стандарди во градежништвото.
„Моето искуство ми покажа дека соништата стануваат реалност кога постои страст кон работата и кога се вложувате со целиот свој капацитет за да ја остварите целта. Секогаш останете автентични и верувајте во себеси, бидејќи иднината припаѓа на тие кои имаат визија и храброст да ја реализираат“, вели Елена Пандева во интервјуто за „Марили“.
МАРИЛИ: Еден од настаните коишто ги организиравте на почетокот на летото, беше и оној во Eвент центарот на Хотел „Цар Самуил“ во Бања Банско, Струмица. Вашата голема љубов „модата“ ја донесовте во прекрасниот амбиент на „Цар Самиул“, и успеавте да ја промовирате и новата колекција, но и го вративте „Цар Самоул“ на мапата на пожелни дестинации?
ПАНДЕВА: Eксклузивното Bridal Show што ЕЛЕНА ЛУКА го приреди во комплетно реновираниот Евент Центар „Цар Самуил“, реално беше моден спектакл од светски размер. Понудивме еден досега невиден концепт, кој вклучуваше комплексно сценарио со една сериозна организација. Покрај тоа што публиката имаше можност да ужива во 70-на гламурозни и уникатни венчаници, амбиентот во кој беа прикажани беше како една безвременска бајка, со музички перформанси на наши почитувани и познати музички уметници и со целосна сценографија.
Секоја од венчаниците носи своја уникатна вредност и своја персонализирана приказна, што е и карактеристичен печат на ЕЛЕНА ЛУКА, заедно со ексклузивните ткаенини и врвната техничка изведба. Секако дека кога ќе се посветите на реализацијата на шоу од ваков размер, тоа останува трајна вредност и воедно дополнително придонесува за „Цар Самил“ да стане уште поатрактивна дестинација на туристичката мапа.
МАРИЛИ: Кои се актуелни проекти на коишто работат ELENA LUKA HOME и ELENA LUKA ENGINEERING?
ПАНДЕВА: Горда сум што ELENA LUKA HOME и ELENA LUKA ENGINEERING како реномирани компании се репрезент на највисоките светски стандарди во градежништвото.
Дека сме доследни на нашата визија да го предводиме пазарот со прогресивни идеи, сведочат и нашите актуелни премиум станбено-деловни објекти FUTURA 2, MELODY и CONNECT5+.
Целта на ELENA LUKA HOME е да понудиме идеално место за живеење кое ќе биде симбол на персонализиран животен стил, модерен дизајн, ексклузивитет, безбедност, функционалност, енергетска ефикасност – квалитет како врвен приоритет којшто е наш печат на препознатливост. Нашата идеја е да креираме позитивен импакт преку архитектурата од секој аспект, а со актуелните проекти ја продолжуваме нашата успешна приказна.
Ексклузивниот објект FUTURA 2 е вториот од вкупно четирите станбено-деловни објекти од капиталниот проект FUTURA Complex на површина од 47.668м2, кој што е на одлична локација во општина Кисела Вода, на бул.„Борис Трајковски“, на само неколку минути пешачење од центарот на Скопје.
Апсолутно FUTURA Complex е новиот модерен архитектонски печат на градот, според сите параметри со ултра модерен концепт на домување, вклучително и со атрактивен деловен простор кој што гарантира успешни бизнис приказни.
MELODY исто така е одличен станбено-деловен објект со површина од 7.322m2, со многу атрактивна локација во населба Железара, во непосредна близина на парк шумата Гази Баба и една огромна зелена површина во опкружувањето што секако придонесува за зголемување на квалитетот на живот на сите станари.
Интензивно и со голема посветеност се работи паралелно на сите актуелни проекти и според највисоките стандарди.
МАРИЛИ: Кои идни проекти ги планирате во блиска иднина во однос на градежништвото? Се гради ли на нови локации?
ПАНДЕВА: Во нашата стратегија на работа квалитетот на изведба, професионалниот пристап кон работата, имплементирање на иновативни решенија, ултра модерниот дизајн се меѓу клучните фактори, а тука секако е вклучена и локацијата.
Сите објекти на ELENA LUKA HOME се на исклучително атрактивни локации во одлично опкружување со развиена социјална инфраструктура и сите капацитети што ги задоволуваат потребите на современиот човек. Оваа тенденција секако ја планираме и во однос на сите следни објекти што се во нашата агенда за изградба.
Приоритетно, фокусот во наредниот период е на капиталниот проект FUTURA Complex во општина Кисела Вода, со оглед на тоа што овој комплекс вклучува четири атрактивни станбено-деловни објекти, додека во тек е изградбата на вториот, односно FUTURA 2.
МАРИЛИ: Ги презентиравте новите модни линии, меѓу кои летната „лавандер“ колекција како и ЕЛ невестинската колекција. Кои се плановите за периодот што следи? Има ли на повидок нова колекција, соработка, нешто оригинално и досега невидено во земјава?
ПАНДЕВА: ЕЛЕНА ЛУКА секогаш е доследна на својот концепт на работа, што подразбира продуцирање на неколку уникатни колекции годишно, екслузивни Bridal колекции и секако луксузен custom-made програм.
Летната сезона за нас беше навистина активна, во еден одличен работен амбиент и вiдно исклучително успешна. „Lavander“ колекцијата остави свој печат преку романтичните и женствени креации во симболичната нијанса на лаванда која ја даде неопходната нота на нежност и префинетост, а истовремено со моќен и впечатлив дизајн.
Bridal колекцијата нескромно ќе кажам го достигна врвот, со ексклузивниот избор на луксузни и гламурозни венчаници за модерни невести со префинет вкус. А сега веќе нѐ очекува нова сезона во која подготвуваме многу нови и оригинални модни деликатеси. Веќе се работи на нова ready-to-wear колекција, а паралелно се подготвуваат и неколку нови атрактивни проекти за кои јавноста наскоро ќе биде информирана.
МАРИЛИ: Вашата модна линија е добро препознатлива и може да се види во ателјеата во Скопје и Струмица, како и во двете шоу соби. Сега ве има и во Тетово. Колку се достапни и посетени од клиенти од регионот?
ПАНДЕВА: Со уникатниот концепт на работа и преку ексклузивните ателјеа/show room во Скопје, Струмица и во Тетово, ЕЛЕНА ЛУКА е секогаш блиску до своите клиенти.
Онлајн продавницата на брендот е достапна за публиката на глобално ниво, во секое време. Така поставивме стратегија на работа преку која нашите клиенти секогаш навремено може да се информираат за сите новитети, промоции и актуелни колекции.
Препознатливи сме по исклучителното внимание што го посветуваме на секој клиент, преку еден персонализиран пристап на работа прилагоден на потребите на клиентот.
Покрај добро познатите ексклузивни ателјеа/show room на ЕЛЕНА ЛУКА во Скопје и Струмица, минатата година го отворивме ултра луксузниот продажен салон во Тетово, во трговскиот центар Remol. Со тоа Тетово ја доби најлуксузната модна дестинација за шопинг, на површина од 400м2. Во неговиот гламурозен ентериер, изложена е одбрана селекција на уникатни дизајнерски парчиња што го носат неповторливиот моден израз на ЕЛЕНА ЛУКА. Од раскошни венчаници, гламурозни свечени тоалети до уникатни ready-to-wear колекции, продажниот салон на ЕЛЕНА ЛУКА во Тетово, одговора на највисоките модни стандарди.
МАРИЛИ: Вашата неисцрпна креативност најмногу се манифестира преку модата. Дали и по 15 години, модата е ваш иницијален двигател?
ПАНДЕВА: Модата е неразделен дел од мојот живот и по сите овие години, продолжува да ме инспирира и предизвикува.
Секој нов проект е можност за иновaција и внесување свежа енергија во светот на високата мода, но и во другите индустрии каде сум активна. Модата не е само визуелен израз, туку за мене е и начин на размислување, животен стил.
Перманентната креативност во модниот дизајн ми овозможува да го спојам убавото со функционалното, создавајќи естетика која е уникатна и авангардна и токму затоа, ЕЛЕНА ЛУКА има едно огромно семејство на задоволни лојални клиенти кои почитуваат квалитет и континуитет во работата.
Модата, со својата динамика и еволуција, останува основен двигател на мојата работа во делот на ЕЛЕНА ЛУКА, а визијата за атрактивни, уникатни и безвременски проекти, продолжува да ме води напред.
МАРИЛИ: Знаеме дека од ЕЛЕНА ЛУКА, токму Лука е најважниот дар и инспирација. Преплетени се искуството и младоста. Што им порачува Елена Пандева на Лука и на младите?
ПАНДЕВА: Лука е мојата најголема поддршка и инспирација и преку него ја гледам иднината со оптимизам и верба во младите генерации. Искуството, а од друга страна младешката енергија се совршена комбинација која води кон успех и токму таа синергија ја негувам и во моите компании.
На Лука и на сите млади ги советувам да бидат храбри, да ги следат своите соништа и никогаш да не се откажуваат од своите цели, без разлика на предизвиците. Верувам дека секој млад човек носи во себе потенцијал за големи дела, но успехот бара посветеност, упорност и постојано наградување.
Мојот совет е секогаш да бараат нови начини за развој, да не се плашат од промени и да ја користат својата креативност како водич. Нека ја користат својата енергија за да внесат свежи идеи и да го обликуваат светот според своите визии.
Моето искуство ми покажа дека соништата стануваат реалност кога постои страст кон работата и кога се вложувате со целиот свој капацитет за да ја остварите целта.
Секогаш останете автентични и верувајте во себеси, бидејќи иднината припаѓа на тие кои имаат визија и храброст да ја реализираат.
Статијата е прочитана 303 пати.