Десетгодишен јубилеј со ребрендирано име „НОБ Независен Осигурителен Брокер“

Интервју со Виолета Поп Василева, претседател на Одбор на директори на АД „НОБ Независен Осигурителен Брокер“ – Скопје во кое зборува за десетгодишниот пат на компанијата кон нејзино препознавање во редот на лиценцираните осигурителни брокери на пазарот, за формирањето на тимот експерти во дејноста и вклучувањето искусни и докажани стручни лица, за работењето во услови на пандемија, но и за големиот број признанија кои ја крунисаа нејзината лична богата кариера во финансискиот сектор
МАРИЛИ: Годинава „Независен Осигурителен Броекр“ одбележува 10-годишен јубилеј од формирањето и успешното работење. Што значи да се гради сопствен приватен бизнис во Вашата дејност?
ПОП ВАСИЛЕВА: Брокерското друштво АД „НОБ Независен Осигурителен Брокер“ оваа година одбележува 10 години од своето основање и работење на пазарот на осигурување.
Од основањето до крајот на 2015 година бележи скромни резултати во остварената премија за осигурување и мало учество во споредба со другите брокерски друштва за посредување во осигурување. Променетата акционерска структура во текот на 2015 година, формирањето на тимот експерти во дејноста, како и вклучувањето на искусни и докажани стручни лица во тимот на брокерското друштво во 2016 година до денес направи значајно придвижување на резултатите во постигнатиот обем на полисирана премија и препознавање на „НОБ Независен Осигурителен Брокер“ во редот на лиценцираните осигурителни брокери на пазарот.
Со оглед на овој десетгодишен јубилеј на „Нов Осигурителен Брокер“, кој секако веќе не е нов на осигурителниот пазар, Одборот на директори донесе одлука за ребрендирање и мала промена во називот во АД НОБ Независен Осигурителен Брокер, со што досегашната кратенка од називот би било новото име на брокерското друштво.
МАРИЛИ: Колку работењето во услови на пандемија трајно го смени начинот на работа, но и однесувањето на Вашите клиенти?
ПОП ВАСИЛЕВА: Со почетокот на пандемијата во март 2020 година реализирањето на работењето беше согласно вонредно пропишаните мерки за организирање на работењето во смисла на физичко присуство на работа и поделено во две групи со промена на три дена и за деновите кога не беа на работа работата се извршуваше од дома.
Нашата работа со клиентите подразбира и директен контакт со клиентот за да му се предаде полисата и да му се појаснат усовите за осигурување.
МАРИЛИ: Работењето на Вашето брокерско друштво е оперативно и со целосна посветеност на клиентите низ целата држава. Какви се ефектите од сето ова?
ПОП ВАСИЛЕВА: Работењето на брокерот е строго врзано за интересите на клиентот, при што се обезбедува најсоодветно осигурување и посредување за реализација на оштетни побарувања. Ова значи дека брокерот не е само продажно ориентиран, туку му посредува на клиентот да го оствари своето право за надоместок на штета согласно условите во полисата и, секако, за ова не му наплатува никаков надоместок на клиентот и не се поскапува осигурувањето кога се прави преку овластен брокер.
Брокерот е лиценциран за соработка со сите осигурителни компании и за клиентот може да обезбеди повеќе понуди за да се направи избор која компанија е најсоодветна за него.