Сите Македонски вина со над 85 поени на Decanter World Wine Awards 2025

Со голема гордост споделуваме дека македонските вина беа претставени и освоија импресивни 32 медали на престижниот Decanter World Wine Awards 2025 — едно од највлијателните и најпочитуваните вински натпреварувања во светот.

Беа доделени 18 сребрени и 14 бронзени медали на неколку македонски винарии меѓу кои Винарија Тиквеш со вкупно 13 освоени медали, како и винариите Лазар и Стоби со освоени по 3 медали, а Шато Камник и Венец со освоени по 2 медали на престижниот вински натпревар.

Овој извонреден успех е одраз на посветеноста, квалитетот и сè поголемото глобално признание на македонските винарии и нашиот автохтон тероар. Сите вина имаат над 85 поени додека некои од вината имаат и над 90 поени. Сите вина го нагласуваат богатството и разновидноста на нашата винска индустрија — од автохтони сорти како Вранец, до интернационално признати купажи.

 

Овие признанија не се само победа за производителите, туку и сведоштво за потенцијалот на Северна Македонија како винска дестинација од светска класа. Честитки до сите винарии чии труд и страст ја поставија нашата земја на светската винска мапа.


Статијата е прочитана 138 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско