Промоција на новиот албум на Елена Христова од „Баклава“ утре во Скопје

Елена Христова, пејачката на етно сотавот „Баклава“, утре (1 јули) ќе го промовира својот авторски албум „Јоркулук“. Промоцијата ќе се одржи во скопското „Бифе Тафталиџе“ од 20.30 часот.

„Албумот е мој авторски материјал, а го работев како истражување на обичаите и песните на Јуруците од Источна Македонија. Драго ми е што дојде време за слушачка промоција на албумот“, вели Христова.

Ако и вас ве збунува називот на албумот Јоруклук, да објасниме дека Yörük на турски е името за Јуруците, номадски или полу-номадски народ кој живее претежно во планинските подрачја на југозападна и јужна Турција, но историски и на Балканот (вклучително и во Македонија). „Yörüklük“ е турски збор и се користи за да го означи „јоручкиот начин на живот“, „јоручката традиција“ или „припадноста на јоруците“.

Албумот се издава на цеде и плоча, а автор на омотот е Дивна Пешиќ.


Статијата е прочитана 13 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско