Бизнис каталог 2020 / зимско издание

Каталогот со својата 24-годишна традиција продолжува да зборува за најдоброто од Македонија, за нејзините природни убавини, за нејзините најголеми културни работници претставени во темата „Културни брендови - амбасадори на Република Северна Македонија во светот“, за бизнис-субјектите од областа на авиосообраќајот, индустријата, енергетиката, градежништвото, модата...

Изданието е со посебен осврт кон различни сегменти на културата, како што се музиката, сликарството, дизајнот, кои зборуваат за богатството на духот и за мултиетничноста што се присутни на овие простори. За можностите на бизнис-заедницата говориме низ многубројните бизнис-интервјуа, меѓу кои и на жените менаџери, бидејќи агенцијата „Марили“ ги поддржува жените во бизнисот. Проектот „Избор на топ 10 жени менаџери од Република Северна Македонија“ опстанува 24 години, а паралелно работиме и на тематскиот ден „ДАМА-ДА-Здравјето и убавината во функција на современата жена“. Жените менаџери ги обединуваме во МАРИЛИ БИЗНИС КЛУБ, со што ги негуваме вмрежувањето, едукацијата, хуманоста и социолошките теми од општо општествено значење.

Содржините во каталогот се присутни и во електронска форма на нашиот веб-портал www.marili.com.mk, а каталогот е присутен во бизнис и во вип-салоните на аеродромите на ТАВ Македонија во Скопје и во Охрид, во амбасадите, конзулатите, хотелите и во широката продажна мрежа низ државата. Дел од тиражот го добива и бизнис-фелата во дијаспората, која редовно е присутна со бизнис-интерјвуа во каталогот, со што се подобруваат комуникацијата и можноста за соработка и инвестиции во матичната земја.

На ваков начин постојано придонесуваме за подобрување на перцепцијата за нашата земја на која ѝ се отворија портите за влез во НАТО, со што станува уште поатрактивна бизнис-дестинација за нови вложувања и поголем економски развој.

 

 


Статијата е прочитана 61 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско