ЛЕОРОН ја потврдува репутацијата како вистински глобален провајдер

Интервју со Вал Јусуфи, извршен менаџер на ЛЕОРОН ГРУП - Скопје во кое објаснува што претставува „Леорон“ во меѓународни рамки како водечки провајдер на едукативни услуги за развој на нови пазари, а особено на централните пазари во рамките на Советот за заливска соработка (ОАЕ и Саудиска Арабија), зборува за проширување на присуството низ главните глобални бизнис-локации, за тоа како кризата со Ковид-19 се одрази врз работењето на компанијата, за растот и експанзијата на ЛЕОРОН Институтот чиј извршен директор од неодамна е Јусуфи, како и за тоа што значи континуирано успешно да се менаџира долги години и колку личниот пример го поттикнува градењето на кариерата на жените и на женското менаџерство.

 

МАРИЛИ: Што претставува „Леорон“ во меѓународни рамки како водечки провајдер на едукативни услуги за развој на нови пазари, а што на домашниот пазар? 

ЈУСУФИ: Во меѓународни рамки ние сме признаени како најдоминантен провајдер што се шири брзо над своите централни пазари во рамките на Советот за заливска соработка (ОАЕ и Саудиска Арабија), каде што почнавме да работиме во 2010 година и го „зазедовме регионот во налет“ преку невидени сертифицирани програми што им помогнале на десетици илјади помлади и повисоки професионалци да ги подобрат своите компетенции според сите пазарни потреби. Би сакала да нагласам дека почнувајќи од минатата година препознавме сѐ поголема потреба од нашите услуги надвор од нашите централни пазари, на која брзо одговоривме со проширување на нашето присуство на главните глобални бизнис-локации, како што се Обединетото Кралство, Египет итн. Да сумираме, традицијата ЛЕОРОН продолжува и ние сега ја потврдуваме нашата репутација како вистински глобален провајдер.

Кога станува збор за локалниот пазар, приказната е поинаква. Ние не мора да даваме услуги од комерцијална природа во Македонија. Меѓутоа, овде сме присутни една деценија како стабилен работодавец на повеќе од 100 вработени што имаат најдобра работна средина на пазарот, обука за работа и предности за надоместок. Сакаме да веруваме дека направивме забележливо влијание во оспособувањето на младите за меѓународниот пазар и позитивно сме влијаеле врз нивната економска благосостојба. Покрај тоа, правиме постојани напори да ги отсликаме нашите вредности преку многубројни активности како општествено одговорна компанија и образовни активности. Сега даваме две паралелни стипендии - „Кујтим Јусуфи“ и „Калид Ал Тавил“, со цел да им помогнеме на лицата што имаат потреба и на оние што се препознаени како таленти во подем за да добијат соодветно образование.

 

МАРИЛИ: На каков начин кризата со Ковид-19 се одрази врз работењето на компанијата?


ЈУСУФИ: На самиот почеток тоа беше бура на неизвесности што нѐ остави, како и глобалниот бизнис во светот, во шок, во страв од загуба. Но набрзо стратегиската трансформација му помогна на ЛЕОРОН не само да се задржи на нозе туку и да оствари рекорден успех. Нашите централни услуги, обука, коучинг и консалтинг, во голема мера се потпираат на интеракцијата меѓу луѓето, на меѓународни настани, на патување. Ограничувањата значеа дека не ни е дозволено повеќе да го правиме тоа. Како решение се определивме за пристап кон дигитализацијата како прва опција. Нашиот ажурен тим професионалци ја сфати суштината на дигиталната трансформација и за само неколку недели нашите услуги беа достапни виртуелно, без оглед на локацијата. Ја задржавме нашата извонредност во сите наши производи и услуги и една година по избувнувањето на кризата со коронавирусот, обучивме околу 10.000 меѓународни студенти.

Мора да признам дека дигиталната трансформација не беше нова работа за ЛЕОРОН бидејќи сме познати по тоа што им помагаме на големи корпоративни клиенти и на владини субјекти да остварат токму иста работа. Но кризата значеше и дека конкуренцијата од целиот свет, која претходно не беше присутна на нашите пазари со етаблирани физички канцеларии, сега беше во можност да се бори за исти клиенти. Случајно, за ова зборувам во мојата статија latest interview for Forbes magazine, каде што нагласувам дека одржувањето и дури и зајакнувањето на нашата позиција на тие пазари претставува големо сведоштво за нашиот успех, што се должи на конзистентноста, одличните односи и вредноста.

 

 

 

МАРИЛИ: Вие сте новиот извршен директор на ЛЕОРОН Институт од оваа година. За каков институт станува збор и кои се Вашите обврски?



ЈУСУФИ:
Моето именување за извршен директор следува по растот и експанзијата на ЛЕОРОН Институтот како по големината, така и по услугите. Тоа значи дека не само што имаме повеќе работа, персонал и интерно реструктуирање туку и диверзификација на производите и експанзија на пазарот.

ЛЕОРОН Институтот се разви од давател на решенија за сертифицирана обука во корпоративниот домен, во провајдер на коучинг, консалтинг и е-учење. Со овие услуги работат назначени тимови и сестрински компании, како што се Ta3leem, наша платформа за онлајн-учење и ЛЕОРОН Консалтинг и Коучинг. Со оглед на нивната природа, потребно е на сите да им се посвети одделно внимание од посветена работна сила и раководство. Како основач на ЛЕОРОН кој е дел од раководството и од тимот за развој на бизнисот од самиот почеток, бев именувана да ја водам компанијата во сите претстојни активности.

 

МАРИЛИ: Според Вашето мислење, што значи континуирано успешно да се менаџира, особено во приватниот сектор, колку е долг Вашиот менаџерки стаж?

 

ЈУСУФИ: Со оглед на моето менаџерско искуство од повеќе од десет години, верувам дека работната сила е суштински дел од успехот на компанијата. Тоа е едноставна равенка - вие се грижите за вашите луѓе, а тие се грижат за работата. Но не е толку едноставно да се оствари тоа.

Управувањето со луѓе опфаќа водење според примери, мотивација и обука. Едноставно кажано, тоа бара прво сопствено усовршување, создавање просперитетна средина за вашиот персонал и обезбедување можност за негов развој. Во текот на моето менаџерско искуство се обидов да постигнам комбинација на самодоверба, доверба и меритократија и верувам дека тоа ефективно е пренесено во исклучителната суштина на ЛЕОРОН.



МАРИЛИ: Дали сметате дека личниот пример го поттикнува градењето на кариерата на жените и на женското менаџерство во општеството?



ЈУСУФИ:
Да се има добар пример според кој ќе се водите е нешто на што сме навикнати од раѓање. Добар пример не мора да значи само насочување за сопствената иднина туку треба и да дејствува како голем мотиватор. Историски, во деловниот свет доминираат машки водечки личности, а успешните приказни на жените често се само производ на нивната способност да се приспособат кон оваа култура.

Многу од ова се смени со појавата на успешните жени во деловниот свет. Секако, резултатите остануваат универзални и сите ние треба да се придржуваме кон исти правила, без оглед на полот. Но севкупната перцепција значително е сменета, со што им е оставен простор на многу амбициозни жени да ги надминат тие предизвици директно со дејствување и извршување.


Статијата е прочитана 1413 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско