Бензините поскапуваат за 1,5 денар, а дизелот за еден денар за литар

Регулаторната комисија за енергетика од ноќеска на полноќ ги зголемува малопродажните цени на нафтените деривати, во просек за 2,76 отсто. Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 ќе поскапат за 1,5 денари за литар, а Еуродизел (Д-Е В) и Екстра-лесното масло за домаќинство за денар.

Тоа значи дека новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 62,50 денари за литар, на Еуросупер БС-98 ќе биде 64,50 денари за литар, Еуродизел (Д-Е V) ќе се продава по 53 денари литар, додека Екстра-лесното масло (ЕЛ-1) ќе чини 42 денари за литар. Цената на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,448 денари за килограм и тој ќе се продава за 32,884 денари за килограм.


Статијата е прочитана 732 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско