Брод Армада - Пет години услуга со пет ѕвезди на Охридското Езеро
Поминаа точно 5 (пет) години од моментот кога бродот Армада за прв пат започна да крстари по бистрите езерски води. Таа 2019-та година, откако беше комплетно реновиран, го започна своето патување по Охридското Езеро, кое трае до ден-денес.
Опремен е со најнова технологија за навигација и безбедност на бродот. Има две палуби, внатрешна и надворешна, и двете дизајнирани за максимално уживање, два тоалети и бесплатен Wi-Fi за сите посетители на бродот. Пијалаците се служат и во двата барови, а на барање има опција за служење на храна, со што задоволството и уживањето се комплeтни.
Армада има две палуби кои лесно може да се претворат во совршено место за вашите приватни забави, но и средби од секаков вид, како и корпоративни настани.
Ќе ве пречека нашата пријателски расположена екипа и капетанот кои ќе направат да се чувствувате безбедно и удобно, додека ви се случува уште едно незаборавно искуство по Охридското Езеро.
Многу бури поминавме заедно, одиме понатаму...
Пет години ваш брод АРМАДА.
Повеќе инфо на: https://armada.mk/
Статијата е прочитана 75 пати.