„Скопје Сити Мол“ и околните улици во Карпош 4 денеска без вода, неколку населени места ќе останат без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, известува дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа денеска (среда), од 07:50 до 15:00 часот, без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците од населените места:

- Студеничани, Моране (општина Студеничани)

- Орешани, Таор, Зелениково, Смесница, Тисовица, Дејковец, Добрино, Ново Село, Пакошево и Градовци (општина Зелениково).

ЈП Водовод и канализација - Скопје, известува дека, денеска (среда), поради замена на затворачи од водоводна мрежа на улица Љубљанска, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Волгоградска, Разловечко Востание, Воденска, Невеска, Трифун Бузев, Желево и комплексот Сити Мол (општина Карпош).


Статијата е прочитана 176 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско