Во Приштина одржана Регионална конференција за улогата на НВО за правата на жените во регионалниот развој
На Регионалната конференција за женските права во регионалниот развој, која се одржа на 15.11.2024 година во Приштина, Р. Косово, во одлична организација на NGO Lady – CC 4 Women, предводена од г-а Санија Мурати, се говореше на четири сесии поврзани со женските права.
Конференцијата беше поделена во следниве 4 сесии сесии: Безбедност и благосостојба на жените, Пристап на жените до чесна работа и квалитетен живот, Интерсекционалност и рурален регионален развој и Изградба на регионални и секторски мрежи за зајакнување на жените и соработка на невладините организации за правата на жените.
Беа присутни панелистки и гости од Западен Балкан, односно од Р. Косово, Р. Македонија, Р. Србија, амбасадорка на Р. Хрватска во Косово, Босна и Херцеговија, Црна Гора, Албанија и Словенија.
Во рамки на првата панел сесија се говореше за феноменот семејно насилство врз жените каде што се слушнаа исклучително тешки животни искуства, а исто така и на темата за подобрување на инфорирање и едукација за жени кои минуваат низ онколошки третмани, тема на која говореше и г-а Милица Кузмановска од Здружението за помош и поддршка на пациенти со онколошки заболувања – Хема Онко од Скопје.
На втората сесија на панелот насловен како „Политики за обезбедување на пристап на жените до образование, стручно оспособување и активирање на пазар на труд во Македонија“, говореше Лидија Трипуноска, генерелен менаџер која го изнесе своето 28 годишно искуство од работењто со жени, нивна промоција и поддршка во државата.
Трипуноска констатираше дека жените во Македонија во последните 15 години се пообразовани во однос на мажите, податок којшто го поткрепи со официјални статистики.
Таа потенцираше дека основен проблем е тоа што иако жените се процентуално пообразовани од мажите, потешко наоѓаат работа на пазарот на труд и уште потешко доаѓаат до раководни позиции, како менаџери и лидери.
Трипуноска даде свој предлог како да се дејствува регионално за да се утврдат причините за оваа состојба, не само во Македонија, туку и во регионот.
Разноликоста на темите даде можност да се согледа фактичката состојба на жените во регионот, на сите нивоа.
Беа остварени многу соработки, вмрежувања и B2B средби.
Статијата е прочитана 180 пати.