PEUGEOT ги открива првите фотографии од својот нов концепт автомобил PEUGEOT POLYGON

По откривањето на името во септември, вториот чекор во комуникацијата е објавувањето на првите фотографии од надворешноста на најновата генерација на концепт автомобилот PEUGEOT; изразувајќи го неговиот мачкаст дизајн на иднината и демонстрирајќи ја визијата за иднината.

Со иновативен простор во кабината и револуционерната контрола на управување Hypersquare® комплетирана со Steer-by-Wire технологија. Харизматичен француски дизајн кој го дефинира најновото поглавје на PEUGEOT. Откријте го сосема новиот PEUGEOT POLYGON CONCEPT во целиот негов сјај, кој ќе биде претставен како дел од воведната презентација на YouTube каналот на PEUGEOT: 12 ноември во 13:00 часот.

ПРЕД ОВОЈ ДАТУМ, PEUGEOT ВЕ ПОКАНУВА НА ВОЗБУДЛИВО ИСТРАЖУВАЊЕ НА PEUGEOT POLYGON CITY, остров кој е создаден од Gameloft, лидер во развојот и објавувањето на мултиплатформски игри, работејќи во тесна соработка со тимот за дизајн на PEUGEOT.

Придружете ни се на 10.11 во 10:11 часот во играта FORTNITE, во PEUGEOT POLYGON City.

Овој уникатен остров го добива обликот на Hypersquare®, револуционерната контрола за управувањето на PEUGEOT, со Steer-by-wire технологија, централен елемент за задоволство при возење на идните PEUGEOT возила и самиот POLYGON CONCEPT.

Ова забавно, импресивно и иновативно искуство е отворено за сите, за фановите на PEUGEOT и гејмерите. PEUGEOT продолжува со своето придобивање на нова публика и го потврдува своето присуство во гејмерскиот универзум со забавен нов начин на најава на овој концепт автомобил. Не ја пропуштајте оваа единствена можност да ја истражите иднината на задоволството при возење.

Останете со нас за повеќе информации за тоа како да пристапите до PEUGEOT POLYGON City во FORTNITE.


Статијата е прочитана 57 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско