Безвременско музичко патување на „Охридско лето“ со Камерниот оркестар „Профундис“ и новата светска ѕвезда Петар Пејчиќ

Во организација на НУ „Охридско лето“ утре, во големата сала на Македонската филхармонија во Скопје со почеток од 20 часот ќе се одржи концерт со Камерниот оркестар „Профундис“, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ, а како солист ќе настапи виолончелистот Петар Пејчиќ, еден од најголемите таленти на својата генерација.

„Концертот насловен како „Timeless“ ќе донесе безвременско музичко патување исполнето со емоции и магија, спектакл под свеќи кој ќе ги воодушеви љубителите на класичната музика. Успеавме заедно со ансамблот да реализираме програма која ќе понуди нешто навистина специфично за нашата публика. Станува збор за програма која е доста сензитивна, емотивна и пред се атрактивна“, вели дирексторот на НУ „Охридско лето“, Ѓорѓи Цуцковски.

Петар Пејчиќ е млад и исклучелно талентиран виолончелист, кој веќе со години го привлекува светското внимание со својата виртуозност, музикалност, неверојатна техника, сценски изглед и харизматична изведба. Неговите успешни настапи на некои од најголемите светски сцени го поставуваат како еден од најврвните уметници на својата генерација. Пејчиќ е награден на неколку престижни меѓународни натпревари, вклучувајќи го Вториот меѓународен натпревар на Кралицата Елизабета, и е дел од програмите на престижни академии и фондации.

Пејчиќ изведува дела од најголемите композитори со исклучителна техника и емоционална длабочина, создавајќи неповторлива музичка атмосфера која ќе остави траен впечаток. Критичарите го нарекуваат „надарен музичар со огромен сценски шарм“. Пејчиќ е добитник на бројни награди и признанија на меѓународни натпревари, меѓу кои се и наградата на Вториот меѓународен натпревар на Кралица Елизабета (Белгија), како и победата на натпреварите во Финска и Шпанија. Неговата техника и емотивен израз го поставуваат како еден од најзабележителните млади музичари на сцената. Тој свири на виолончело направено од Џузепе Гуарнери „филиус Андреа“ (1694, Кремона).

Билетите за концертот по цена од 1. 000 денари можат да се набават онлајн на karti.com.mk и mktickets.mk

 


Статијата е прочитана 54 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско