Документарниот филм „Приказната за Силјан“ од Тамара Котевска прикажан премиерно во „Македонскиот народен театар“

Вчера вечер, македонскиот кандидат за Оскар, документарниот филм „Приказната за Силјан“ на режисерката Тамара Котевска, ја доживеа својата премиера во „Македонскиот народен театар“, во извонредна атмосфера. 

На премиерата пред домашната публика, присуствуваше целата филмска екипа која работеше на еден од најдобрите документарни филмови во македонската кинематографија.

Доказ за тоа се наградите што ги пронижа филмот на меѓународните фестивали и откупувањето на филмот од страна на National Geographic. Филмот досега доби голем број значајни и релевантни награди и номинации на фестивалот во Венеција, NYDOC, IDA, Spirit, PGA Award, Eye Cinema Audience Award и други.

„Приказната за Силјан” е филм за издржливоста, грижата и малите дела кои менуваат животи. Земјоделецот Николa случајно наоѓа ранет бел штрк на депонија и решава да му помогне. Нивниот кревок, полека граден однос со доверба се претвора во спасоносна врска која му ја враќа смислата на Никола, ги обновува врските со заедницата и ги буди старите преданија и односот кон природата.


Статијата е прочитана 24 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско