Студиите на Универзитетот ПАР од Риека во Р. Хрватска, можност за успешна кариера и прозорец кон ЕУ

Интервју со Гордана Николиќ, основач, сопственик и декан на Универзитетскиот колеџ ПАР во Риека, Р. Хрватска. Универзитеот ПАР е единствената независна високообразовна институција во северниот јадрански регион и меѓу 20-те најдобри хрватски образовни центри за претприемаштво.

Николиќ е истакната хрватска бизнисменка која заслужено се вбројува во 100 -те најдобри хрватски лидери и која добила многу престижни награди, меѓу кои најдобра жена претприемач во Хрватска за 2015 година, доделена од Хрватското здружение за деловни жени – КРУГ. Во 2016 година ја добива и наградата од Приморско - горската жупанија за посебен придонес во унапредување на науката, образованието и женското претприемаштво во регионот. Во 2022 година, и агенција „Марили“ ја награди на регионалната манифестација „Избор на најуспешни жени менаџери“, а годинава присуствуваше на „Марили Бизнис Форум“ и на споменатата манифестацијата.

МАРИЛИ: Во тек се уписите на Универзитетскиот колеџ ПАР. Кажете ни накратко,  на кои смерови можат да конкурираат идните студенти, независно дали станува збор за додипломски или последипломски студиии?

НИКОЛИЌ: Идните суденти на ПАР можат да бираат помеѓу пет смерови,  два додипломски Деловно управување или Бизнис менаџмент, како и студии по угостителство, односно Управување во гастрономија и ресторани. На ниво на магистерски студии имаме три менаџмент смерови, Управување со финансии, Управување во мали и средни претпријатија и Спортски менаџмент.

Дуалните студии што ги спроведуваме ги нагласуваат стекнувањеето на економски и менаџерки компетенции како и примена на знаењето од деловното управување по современи пазарни услови. Студентите развиваат иницијативност и претприемаштво при развој на нови деловни идеи, имплементирајќи ги знаењата од различни подрачја како финансии, маркетинг, комуникации, сметководство, логистика и примена на нови дигитални и комуникациски технологии во работењето.

Предностите за студирање на ПАР се многубројни, но ја истакнуваме работата во мали групи, директен менторски пристап и консултации, како и постојана достапност на нашите професори и вработени. Препознатливи сме по спроведувањето на дуални студии, како дел од Европскиот универзитет за дуално образование EU4Dual.

Нашата студиска програма претставува модел на образование која комбинира теоретско знаење стекнато на ПАР, со практично работно искуство во компании или организации. Овој пристап им овозможува на студентите да стекнат практични вештини и искуства во текот на образованието, со што стануваат конкурентни на пазарот на труд.

Многу сме флексибилни во однос на потребите на нашите спортисти кои студираат на ПАР.

Им нудиме стекнување на работно искуство пред да излезат на пазарот на труд по спортската кариера, како и зајакнување на вештините и знаењата кои се бараат во реалниот сектор.

ПАР е прпознаен како претприемачки универзитет кој ги оспособува своите студенти за самостојна работа во компаниите, како и за преземање одговорни функции. Ние создаваме идни лидери подготвени по завршувањето на студиите, лесно и брзо да се прилагодат на потребите на фирмите во коишто ќе се вработат.

Сите детали за студиите и смеровите на кои можат да се запишат идните студенти, можат да се најдат на нашата интрернет страница www.par.hr.

МАРИЛИ: Каков е интересот на странските студенти за упис на ПАР и дали има пристигнати апликации од Македонија?

НИКОЛИЌ: Поголемиот дел на соработката меѓу ПАР Универзитетот и македонсите студенти е базирана на програми на мобилност. Имено, ПАР има многу добри договорни односи со Бизнис Академија Смилевски – БАС од Скопје и Битола, University of Skopje, како и со International Balkan University преку Erasmus + програмите.

Преку мобилните програми на ПАР престојувале повеќе студентски групи и предавачи и отворени се многубројни соработки на различни проекти. Нашите односи со македонските студенти се повеќе од добри и ние сме отворени за нови соработки во годините што следат.

МАРИЛИ: Каков е интересот за студиите за туризам и угостителство и дали постои задолжителна пракса во текот на студиите?

НИКОЛИЌ: Имајќи предвид дека Хрватска е првично туристичка земја во која секторот туризам и угостителство се можеби и најразвиениот економски сектор, Универзитетот ПАР разви образовна програма токму во овој сектор. Освен студиската програма која е одговор на сѐ поголемата потреба за едукација на нови кадри коишто треба да се вклучат во работата на туризамот, нудиме и многу програми за усовршување и специјализации од областа на туризамот и угостителството.

Веќе долги години ги оспособуваме постоечките туристички и угостителски кадри низ програми за доживотно образование, посебно за туристички водичи во туристичките агенции.

Од септември се подготвуваме да ги понудиме и високоспецијализираните МБА (мастер) студии во подрачјето на Туристички менаџмент, и веруваме дека со истите ќе разбудиме интерес и кај македонските туристички работници.

Стручната пракса е задолжителна уште од првата година од студиите и се одвива во наставни бази со коишто ПАР Универзитетот соработува. Меѓу нив има врвни хотели и туристички ланци, како и туристички заедници, агенции и врвни угостителски објекти.

Соработуваме со повеќе од 50 наставни бази низ Хрватска, но и меѓународни како Hilton, Јадран хотелите Arena Hospitality Group, Maistra, Valamar и многу други. ACI d.d како лидер во наутички туризам е еден од главните спонзори на нашата летна школа Sail/Learn со кого вршиме обиколка на бродовите на хрватските острови и развиваме проекти со локалното население.

МАРИЛИ: Какви се вашите сознанија, каде најчесто се вработуваат дипломираните студенти во областа на туризамот? Дали најчесто станува збор за Хрватското приморје или пак и надвор од државата?

НИКОЛИЌ: Студентите на ПАР многу лесно наоѓаат работа во областа на туризамот и угостителството на подрачјето на Хрватска, бидејќи по завршувањето на студиите имаат голем капацитет на знаења и вештини за работа.

Нашите Алумни (ученици) сега работат долж јадранското крајбрежје и на островите на клучни позиции во хотели и угостителски објекти.

Знаењата кои ги стекнаа во текот на студиите, лесно се пренесуваат во практичната работа во туризамот на секоја земја - членка на Европската унија, затоа што што туризамот има свои законитости кои се исти и во Италија, Франција, Германија, односно секаде во ЕУ.

Секако, нужно е познавањето на странски јазици, но повеќето од нашите студенти доаѓаат со добри предзнаења на англиски и барем уште еден странски јазик.

Освен задолжителното говорење на англискиот јазик, го усовршуваат германскиот, италијанскиот, а во последно време и шпанскиот јазик.

МАРИЛИ: Развојот на туризамот во Хрватска е евидентен, како и инвестициите во овој сектор. Колку соработувате со Р.С. Македонија по ова прашање, и на кој начин?

НИКОЛИЌ: Универзитеткиот колеџ ПАР е ангажиран од страна на македонското Министерство за економија за изработка на низа документи, потребни за модерен и квалитетен развој на туризамот во Македонија. Станува збор за Правилник за категоризација на објекти кои нудат сместувачки услуги (куќа за одмор, апартхотел, хостел и преноќиште), како и Правилник за категоризација на објекти кои нудат угостителски услуги ( Пицерии, лаунџ барови, бистроа и фаст фуд објекти).

ПАР примарно изработи ГАП анализа за сместувачко - угостителски објекти во Северна Македонија која подразбира анализа за категоризација на објектите во споредба со најдобрите практики од Хрватска и други земји - членки на ЕУ, како би се добила целокупната слика на состојбите.

Идентификувани се најдобрите пракси, вклучувајќи стандарди за квалитет на услуги, инфраструктура и сигурност, но и недостатоци поврзани со управување со објектите, давање услуги на гостите и сигурносни стандарди.

Со цел решавање на недостатоците, предложени се конкретни препораки кои вклучуваат прилагодувања на законодавството, подобрување на стандаридите, како и обуки за оспособување на кадарот. Имплементацијата на планот на делување, преку активно следење на резултатите е клучна за постигнување на посакуваните промени и ускладување со најдобрите пракси од Хрватска и европските земји. Правилниците се темелат на ГАП анализите.  

Нѐ радува фактот што воспоставивме соработка со едно од клучните тела на државната управа на Република Северна Македонија за решавање на предизвиците кои треба да се надминат за понатамошен развој на туризамот во Македонија.

МАРИЛИ: Дали Вашиот универзитет е поврзан со универзитетите во Македонија и на кој начин дава придонес во развојот на македонскиот туризам и хотелиерство?

НИКОЛИЌ: Преку соработка со универзитетите во Македонија и преку разни иницијативи во образованието, преку пракси, советувања и истражувања, ПАР значајно може да допринесе во развојот на македонските туризам и хотелиерство. Оваа синергија помага во јакнењето на квалитетот на образованието како и на професионаните вештини, што дополнително долгорочно придонесува во јакнењто на конкурентноста на македонскта туристичка индустрија на регионалниот и меѓународниот пазар.

ПАР има значајна улога во поврзувањето на универзитетите во Македонија и придонесува во развојот на македонското хотелиерство и туризам преку неколку клучни иницијативи и соработки: заеднички програми и размена на студенти, заеднички истражувачки проекти, како и организација на конференции и семинари.

Придонесот на ПАР во развојот на македонскиот туризам и хотелиерство се нотира во неколку клучни активности: Образование и стручно усовршување, Практични искуства и стручна пракса, Советување и поддршка на претприемачите и Истражувања и иновации.

МАРИЛИ: Вие сте соработник на агенција „Марили“. Бевте дел од Форумот и манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери“ во 2022 година, кога бевте и наградена, а оваа година бевте гостинка на двата настана? Како ги оценувате овие проекти?

НИКОЛИЌ: Агенција „Марили“ организира престижен настан „Избор на најуспешни жени менаџери“ кој има цел да ги препознае и награди успешни жени од различни дејноси. Овој настан игра клучна улога во промовирањето на женско лидерство, охрабрување и оснажување на жените во деловниот свет.

Целта и значењето е промоција на женското лидерство. Овој настан ги истакнува жените менаџери кои постигнале значајни успеси во своите кариери, со тоа промовирајќи женско лидерство, инспирирајќи ги другите жени да тежнеат кон високи деловни цели.

Наградите се доделуваат како признание за извонредни деловни резултати, иновации и придонес во индустријата. Ова препознавање ги мотивира наградените како и нивните колешки кои уште повеќе ќе се залагаат во своите дејности за постигнување на уште поголеми успеси. „Марили Бинзис Форумот“ пак, освен што третира актуелни теми и проблеми, нуди можност за вмрежување, соработка и размена на искуства, не само на жените менаџери и лидери, туку и на сите учесници во бизнис секторот.

МАРИЛИ: Сметате ли дека може да се направи форум на тема Развој на регионалниот туризам преку соработка и размена на искуства?

НИКОЛИЌ: Апсолутно. Форумот на Марили агенцијата која препознава успешност и нуди платформа за вмрежување и развој, сигурно може да придонесе во јакнењето на квалитетот на управување, поттикнување иновации и оснажување на жените, но и на сите оние коишто се занимаваат со хотелиерство, туризам и да влијае на македонскиот туризам.

Квалитетното управување е клуч за успех во туризамот, а препознаените иновативни пракси и пристапи во работењето можат да доведат до нови маркетинг стратегии, подобрување на искуствата на корисниците и имлементација на одржливи пракси.

Таквиот настан, верувам дека ќе го  привлече вниманието на јавноста, медиумите и на секторот хотелиерство и туризам, би ја зголемил видливоста и атрактивноста на туристичката индустрија.

МАРИЛИ: Многу често патувате. Дали е тоа Ваша пасија и како го поминувате слободното време?

НИКОЛИЌ: Патувањата се моја страст и среќна сум што преку работата многу патувам и на тој начин ги збогатувам моите искуства и себеси.

Секое ново патување и проект се прилика за нови познанства, нови култури и пријателства кои го прават животот поубав..

Такво е и пријателството со „Марили“ кое го збогати мојот живот и секогаш со радост и задоволство се враќам во „земјата кадешто сонцето вечно свети“!

 

 


Статијата е прочитана 651 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско