Бектеши: „Утре се очекува да биде донесена одлука за замрзнување на цените на оризот и јајцата“

Владата најавува замрзнување на цените и на оризот и јајцата. Mинистерот за економија, Крешник Бектеши на прес-конференција информираше дека врз основа на анализите направени во министерстото, на утрешната владина седница (вторник) се очекува да биде донесена одлуката 

Според Бектеши, во моментов цените на јајцата во земјата се најниски во однос на другите земји од регионот. Тој рече дека нема да биде дозволено зголемување на цените во пресрет на празниците Велигден и Бајрам.  Според министерот,  цените на шеќерот и брашното засега остануваат незамрзнати, а во делот на месните производи што се увезуваат,  замрзнувањето на цената ќе биде една од наредните мерки што ќе се анализираат од страна на Министерството за економија.

„Моментално има побарувачка на јајца од другите држави и се зголемува извозот од Македонија кон другите држави. Побарувачката од другите држави се зголемува кон нашите производители со поголеми цени од постоечките кај нас, што значи дека во случај да донесеме забрана за извоз тоа ќе биде спротивно на договорите на ЦЕФТА во регионот и на договорите што ги имаме со ЕУ од каде што може да следат одредени санкции кон нашата држава и затоа таква одлука не е опција да се носи“, рече Бектеши.


Статијата е прочитана 345 пати.

Сподели: