Eve’s Garden – висококвалитетен козметички бренд со македонски потпис

 

Ако практикувате делотворни козметички решенија и водите грижа за здравјето и изгледот на вашата кожа, тогаш најверојатно веќе досега сте се запознале со брендот Eve’s Garden.

Eve’s Garden е висококвалитетен козметички бренд, пионер во својата област, кој во својата програма нуди high-performance козметички производи за нега на различни типови кожа. Сите производи сe изработени по врвни формули, со високи концентрации на активни состојки, нутриенти, потентни екстракти и сето тоа во комбинација со напредните методи на козметички инженеринг. Она што е препознатливо за оваа генерација козметички производи е што истите се спој на елегантни текстури кои потсетуваат на луксузните козметички брендови, но истовремено нудат и ефикасни решенија за превенција и третман на кожата.

Почетокот на новата 2023 година Eve’s Graden ќе ја започне со пријатни изненадувања за своите клиенти, лансирајќи комерцијална линија козметички производи што ги задоволуваат стандардите на квалитет и ефикасност кои Eve’s Garden ги постави, а истовремено, ексклузивно на македонскиот пазар ќе бидат по многу конкурентни цени, сѐ со цел да се подигне свеста за превенцијата, негата и грижата за здравјето на кожата, како најголем орган во човечкиот организам. Дел од оваа комерцијлна линија ќе биде и новиот патентиран  производ со 93% раствор од хијалуронска киселина и 1% гама полиглутаминска киселина која претставува ново откритие и врвно достигнување во козметичката индустрија. Станува збор за сировина од органско потекло која е биолошки компатибилна со кожата.

Главните предности на гама полиглутаминската киселина е што истата има способност да задржи молекуларна вода 4 пати повеќе од хијалуронската кислеина, што ја прави оваа состојка најдобриот навлажнувач и благодарение на кој дехидрираната кожа ќе има способност да се ре-хидрира за значително пократок период, а воедно ќе биде и исклучително потентно решение за фините линии и брчки предизвикани од дехидратација.

Eve’s Garden полека, но сигурно ги освојува симпатиите на светот. Доказ за тоа е големата новина дека од новата 2023 година овој бренд го шири своето присуство и на американскиот пазар.

Ние им посакуваме голем успех во својот подвиг и сме навистина горди што овој оригинален македонски бренд ќе биде наш козметички амбасадор во светот.

 

Дел од производите на Eve’s Garden можете да ги погледнете на

 https://www.marinacosmeticlab.com/

https://www.facebook.com/evesgardenmk/

https://www.instagram.com/eves_garden_mk/

 

 

 

 


Статијата е прочитана 685 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско