Естонката Алика Инкери Мозер среде Скопје постави нов светски рекорд во скок во височина со стап

Естонката Алика Инкери Мозер е првата олимпијка која со прескокнати 4,52 метри постави нов светски рекорд, надминувајќи го претходниот од 4,51 метар во скок во височина со стап. Таа настапува на Европскиот младински олимписки фестивал – Скопје 2025, а да го сруши светскиот рекорд ѝ успеа на 40 степени Целзиусови, иако, вели во Естонија тренира на температура од 20 степени Целзиусови.

„Благодарна сум на можноста да се натпреварувам. Навистина сум среќна што дома ќе однесам златен медал, но и светски рекорд, што за мене е многу неверојатно“, рече денеска на прес-конференција младата Алика Инкери Мозер, пишува Независен

Годинава македонските спортисти се најбројни, дури 200, а деца се натпреваруваат во сите спортови.

Македонската одбојкарка Матеја Попоска, кој го носеше и знамето на отворањето на Олимиските младински игри, ги покани сите да присуствуваат на вечерашниот натпревар против Турција, што ќе се одигра попладнево од 18 часот, во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.


Статијата е прочитана 93 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско