Презентација на водичот „Северна Македонија: природа, планинарство и култура“
Во Европска куќа во Скопје денеска ќе се одржи презентација на водичот „Северна Македонија: природа, планинарство и култура“ од авторот Алесио Ликуори.
Презентацијата се одвива во рамки на Неделата на италијанскиот јазик во светот, која оваа година е посветена на одржливоста.
Како што информираат од Италијанската амбасада во Скопје, презентацијата ќе се одржи во присуство на авторот Алесио Ликуори и издавачот Алберто Ости.
Статијата е прочитана 1114 пати.