„КаСис“ е прв партнер на е-трговците и банките

Иитервју со Филомена Пљаковска Аспровска, главен извршен директор на Интернационален Картичен Систем АД Скопје во кое гордо ги нагласува бројките од повеќе од 2.000.000 издадени платежни картички и над 2.000.000 процесирани трансакции месечно, безбедниот веб-мониторинг систем и 24/7 сервисната поддршка, но зборува и за се она што е потребмо за да се напредува во кариерата и за двете работи кои се пресудни за успех – учење и љубов

 

 

МАРИЛИ: Во годината што е зад нас „КаСис“ одбележа 20-годишен јубилеј. Кои се основните дејности на компанијата?

ПЉАКОВСКА АСПРОВСКА: „КаСис“ е единствен сертифициран процесор од  МастерКард и Виса за персонализација на платежни картички и процесирање трансакции, а од 2005 година и за процесирање и персонализирање на првите чип платежни картички.

Од 2001 година кога почнавме со мал визионерски тим, па до денес сме лидери и иноватори во областа на картичното работење и електронската трговија. Во 2007 година се радувавме на првата успешна е-комерц трансакција и првиот е-комерц трговец, а во 2012 година први овоможивме бесконтактни плаќања. Во услови на забрзана дигитализација „КаСис“ е прв партнер на е-трговците и на банките. Со cPay нудиме современа, брза и едноставна интеграција на електронски продавници за е-трговците и  безбедно и доверливо место за онлјан купување за купувачите. Поседуваме сертификати за достигнати највисоки стандарди во областа на безбедноста на нашето работење, како што се: PCI CARD Production, PCI DSS, ISO 27000-1 и ISO 20000, кои се показател за безбедноста и напредната инфраструктура со која управуваме, квалитетот на услугите и високото експертско ниво и подготвеност на нашите вработени.

Горди сме на повеќе од 2.000.000 издадени платежни картички и над 2.000.000 процесирани трансакции месечно, безбеден веб-мониторинг систем и 24/7 сервисна поддршка и не запираме тука, туку постојано иновираме и дома ги носиме светските трендови.

 

МАРИЛИ: Како пандемијата се одрази врз работењето на „КаСис“ и колку таа влијаше врз зголемувањето на електронската трговија?

ПЉАКОВСКА АСПРОВСКА: „КаСис“ како општествено одговорна компанија во новонастантите услови на пандемија (КОВИД-19) презеде низа мерки со цел да го заштитиме здравјето на вработените, но и да обезбедиме континуитет на услугите за клиентите. И покрај ограничувањата од пандемијата, резултатите во 2020 и во 2021 година се одлични. Менаџментот е особено благодарен за високата свест, одговорност и посветеност на вработените и нивниот придонес за остварениот успех. 

Пандемијата ги смени навиките и создаде можност за развој на нови услуги. Заедно со нашите партнери - банките организиравме промотивни периоди за отворање електронски продавници, воведовме нови функционалности, ресурсите ги насочивме за да ги поддржиме големиот раст и побарувачка. Како резултат на тоа се отворија голем број продавници и бизниси што и не функционираат во физичкиот свет.

„КаСис“ континуирано вложува во одржувањето и во модернизирањето на инфраструктурата. Безбедноста е од големо значење за нашето работење. Минатата 2021 година ја започнавме со инвестиција во нова производствена линија – машина за персонализација на платежни картички со автоматско пакување на картичката во плик, како и дополнителни хардверски и софтверски инвестиции, со цел натамошно зголемување на капацитетите и стабилноста на системите, модернизирање на платформата и развој на нов интерфејс за комуникација со системот за електронска трговија cPay на „КаСис“ што ќе овозможи подобро корисничко искуство.

 

МАРИЛИ: Професијата во која работите е дел од техничките иновативни процеси на секое општество. Колку постојаната едукација е важна за Вас? Кои едукативни програми би ги издвоиле како најзначајни за Вашата работа?

ПЉАКОВСКА АСПРОВСКА: Успехот не е случаен, туку е резултат на многу работа и континуирана едукација на која сме исклучително посветени. Вложуваме во унапредувањето на квалитетот на нашиот кадар, ги мотивираме и ги поддржуваме колегите за дообразување и усовршување надвор од нашиот екосистем. Континуирано ги следиме светските трендови за картично работење и планираме инвестирање во нови дигитални технологии, 

 

МАРИЛИ: Според Вашето мислење, што е пресудно за да напредува жената во кариерата, дали образованието, личните карактеристики, умешноста да се освојуваат современи вештини за личен развој, поддршката од семејството, поддршката и мотивацијата од работниот тим...?

ПЉАКОВСКА АСПРОВСКА: Убедена сум дека и за мажите и за жените пресудни за успех се две работи: учење и љубов. За да напредувате во кариерата неопходно е постојано да стекнувате нови знаења и вештини од различни области. Магистерските студии од областа на менаџмент, Schulich School of Business at York University Toronto Canada и Kellog School of Mangement at Northwestern University Chicago Ilinois многу влијаеjа врз мојот развој и напредување кон позицијата на која сум моментално. 

Пресудна е и љубовта, да се сака тоа што се работи, да се дава максимумот од себе. И кога почнав на позицијата систем администратор и сега на позицијата главен извршен директор работата ја извршувам со иста страст и посветеност. Можеби имам и среќа да работам во иновативна, интересна и динамична индустрија со многу можности.

Да се биде лидер за мене значи да се сакаат и да се почитуваат луѓето во тимот и да се мотивираат со личен пример. 

 

МАРИЛИ: Што значи да се биде успешна жена менаџер, како успевате да ги усогласите приватните обврски со професионалните ангажмани, на што го трошите слободното време? 

ПЉАКОВСКА АСПРОВСКА: Неизмерно сум благодарна за поддршката од родителите, од сопругот и ќерката. Имаат разбирање за мојата потреба од континуирана едукација и од посветеност на работата. Секој слободен момент го користам за фамилијата, пријателите и заедничките патувања.

Се вклучувам во активностите на одборот на родители во училиштето на ќерка ми, во програмите за развој на млади лидери и мотивацијата на младите девојки што сакаат да се занимаваат со технички струки, во иницијативите за забрзување на дигитализацијата и искористувањето на предностите на технологијата.


Статијата е прочитана 806 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско