ИФФК „Браќа Манаки“ продолжува со проекции на филмови, работилница и промоција на книга
Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ продолжува со проекција на филмови од неколку фестивалски програми, работилница и промоција на книга од авторот Антонио Митриќески.
Претпладнево во фестивалскиот центар за медиумите ќе говорат Ѓорѓе Арамбашиќ, Ана Драгичи, Фејми Даут, Борис Ралев и Роберт Јанкулоски, работилница на тема „Светлосно загадување“ ќе приреди Марија Џиџева, а на панел дискусија ќе говорат оскаровецот Јануш Камински и Тимо Салминен.
Попладне во битолското кино „Манаки“ ќе биде промовирана наградата за филм на Јадранската публика, а во вечерната програма ќе биде емитуван филмот „Срам и пари“ во режија на Висар Морина, во кој кандидат за награда е кинематограферот Јанис Мазух.
На ИФФК „Браќа Манаки“ продолжува и програмата макпоинт која се реализира во пациото на битолскиот Завод и Музеј, а влезот во т.н. отворено кино е бесплатен за сите посетители, информираа од фестивалскиот прес центар. мт/дма/
Фото/извор: МИА
Статијата е прочитана 73 пати.



























