„Сара Фарм“ – Здравјето на клиентите, приоритет повеќе од две децении

Интервју со фарм. спец. Весна Ставрова, генерална менаџерка на ПЗУ Аптека „Сара Фарм“, Скопје и претседателка на Фармацевтската комора на Република Северна Македонија. Повеќе е две децении постоење на македонскиот фармацевтски пазар е доказ за успех, одличен квалитет и врвна услуга. 

„Фокус на квалитетот, доверба и етичко работење. Ги негуваме европскиот пристап за сигурност на пациентите, етичките стандарди и почитувањето на добрите деловни практики. Градиме долгорочни односи со докажани европски партнери, обезбедувајќи стабилна и контролирана набавка на лекови“, вели Ставрова. 

Ставрова е долгогодишна, етаблирана менаџерка и фармацевт, а годинава беше наградена за континурано и успешно менаџирање и траен придонес кон домашната економија на јубилејната 30-та манифестација „Избор на најуспешни жени менаџери“, во организација на агенција „Марили“.

МАРИЛИ: Од кога постои ПЗУ Аптека „Сара фарм“ и што денес претставува компанијата? Кои се нејзините капацитети, кон што е насочена главната дејност и што ѝ дава европски лик на Вашата компанија?

СТАВРОВА: Процесот на трансформација од јавен во приватен сектор по принцип на концесионерство на јавните услуги од страна на приватни здравствени установи траеше од 2005 до 2007 година. Со тоа сите јавни аптеки во Македонија беа приватизирани. Јас бев една од првите фармацевти што преминаа од јавна во примарна здравствена установа.

Во 2005 година основав приватна аптека, така што последниве 20 години своето искуство како фармацевт и човек им го пренесувам на моите колеги во приватниот сектор. Долгогодишно искуство и стабилност. Две децении успешно работење на фармацевтскиот пазар следејќи ги европските стандарди за квалитет и безбедност.

Усогласеност со европската регулатива. Нашето работење е целосно усогласено со европските директиви за дистрибуција на лекови и добри фармацевтски практики (GDP/ GPP). Модерни процеси и дигитализација. Континуирано инвестираме во дигитални решенија и модерни системи за следење на производите, транспарентно управување со магацините.

Професионален кадар со континуирана едукација. Тимот е составен од лиценцирани фармацевти и стручни лица што редовно ги следат европските тренинзи и акредитираните програми за усовршување.

Фокус на квалитетот, доверба и етичко работење. Ги негуваме европскиот пристап за сигурност на пациентите, етичките стандарди и почитувањето на добрите деловни практики. Градиме долгорочни односи со докажани европски партнери, обезбедувајќи стабилна и контролирана набавка на лекови.

МАРИЛИ: Изминатите неколку години сте претседателка на Фармацевтската комора на Република Северна Македонија? Дали како професионалец што доаѓа директно од фелата се изборивте за најсуштинските потреби за положбата на фармацевтите и клиентите? Кои се следните цели на овој план?

СТАВРОВА: Нашата филозофија е прв фармацевтски интерес да ни биде благосостојбата на пациентите. Јас сум прв претседател на Фармацевтската комора што доаѓа од базата, односно од аптека каде што секојдневно придонесуваме во решавањето на проблемите на пациентите.

Работиме во насока на развој на фармацевтската професија, фармацевтот да има доволно време да им обезбеди соодветна информација на пациентите и на другите здравствени професионалци и да нуди дополнителни високопрофесионални здравствени услуги во дел од аптеките.

Со измените на Законот за здравствена заштита се создаде основа на аптеките како на здравствени установи, доколку ги исполнат условите во однос на простор, опрема и стручен кадар, да им се даде можност, освен постојните, да вршат и превентивни и други услуги поврзани со терапијата со лекови. Ова придонесува за подигнување на нивото на фармацевтската професија и приближување на нашите аптеки кон здравствените услуги што веќе одамна ги вршат аптеките во дваесетина земји од Европската Унија. Стручни лица од надлежните здравствени установи подолго време темелно работат на подготовка за да се овозможи нормативна основа за практична примена на услугите во аптеките од страна на фармацевтите како здравствени работници.

Се надевам дека фармацевтите ќе можат да почнат да нудат такви дополнителни здравствени услуги. Откако пред повеќе од три години станав претседателка на Фармацевтската комора, приоритет ми беше, а и понатаму ќе ми биде кога повеќе нема да бидам на оваа функција, да се прошири листата на здравствени услуги од што сите ќе имаат придобивки.

Отсекогаш се стремев овие услуги, како во здравствените системи во повеќе земји, така и кај нас, да бидат нормативно уредени. Во Фармацевтската комора сите заедно се стремиме да ги завршиме многуте поставени цели.

МАРИЛИ: Колку долго сте на менаџерска позиција? Како менаџер во  компанија што е успешна повеќе од две децении во континуитет и има значаен импакт во развојот на македонската економија, според Ваше мислење, што е клучно за да се постигне тоа ниво?

СТАВРОВА: Тоа е јасна визија и долгорочна стратегија. Компанијата мора да знае каде оди и зошто. Визијата го одредува правецот, а стратегијата го дефинира патот. Долгорочната ориентација спречува брзи импулсивни одлуки што може да ја нарушат стабилноста.

Инвестиција во луѓето. Силните компании се градат врз силни тимови, континуирана обука, фер наградување, поддршка, развој на талент. Тоа се столбовите што го задржуваат квалитетниот кадар и создаваат чувство на припадност.

Флексибилност и адаптација на пазарот. За две децении се менуваат технологиите, регулативите, конкуренцијата и потребите на клиентите. Успешна компанија е онаа што ги следи трендовите и навреме се адаптира. Фокус на клиентите и нивните потреби. Одржливо расте само онаа компанија што ја слуша и разбира својата целна група. Долгорочните односи се постигнуваат со доверба, квалитет и конзистентност.

Контрола на квалитет и одговорност. Производите или услугите мора да бидат стабилни, сигурни и препознатливи. Неопходни се стандарди, процедури, контрола и отчетност за да се задржи добриот углед. Финансиска дисциплина. Внимателни инвестиции, рационални трошоци, добра ликвидност - ова дава стабилност и можност за раст дури и во кризни периоди. За долгорочен успех потребни се здрави партнерства, транспарентна комуникација, силна позитивна култура на работа.

МАРИЛИ: Како успешна жена менаџер, конзистентноста и континуираната работа се неизбежни. Кои Ваши лични карактеристики Ве донесоа таму каде што сте денес?

СТАВРОВА: Дисциплина - секојдневно се појавувам дури и кога не ми е лесно и не ми е денот. Одговорност - ги прифаќам и успесите и грешките како мое лично искуство и учење. Фокус - знам кои ми се приоритетите и не дозволувам нешто минливо да ме тргне од патот.

Неуспесите не ги гледам како крај, туку како насока каде да се подобрам. Секогаш барам нови знаења и верувам дека успешниот менаџер гради луѓе, а не само резултати. Конзистентноста ми донесе стабилност, а континуираната работа ми донесе раст. Комбинацијата од овие карактеристики ме води напред секој ден. Ми овозможува да напредувам, а не само да функционирам.

МАРИЛИ: Според Вас, каков удел во подобрувањето на женското лидерство, менаџерство и претприемаштво има манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери“, која се одржува веќе 30 години?

СТАВРОВА: Манифестацијата има значителен удел во подобрувањето на женското лидерство бидејќи се истакнуваат женските достигнувања во бизнис-сферата. Тоа е мотив за жените да се стремат кон лидерски позиции и поттик за идните генерации. Сето ова дружење и соработка овозможува размена на искуства, поддршка и заеднички проекти. Овие примери може да ги поттикнат самодовербата и амбицијата кај жените. 

Оваа манифестација дава видливост на женските успеси, поттикнува млади жени да се стремат кон водечки позиции и професионални вредности


Статијата е прочитана 334 пати.

Сподели:


Видео: 30 години Агенција Марили

30 години јубилеј на агенција „Марили“

Охридско лето 2026

kb

oxxete