Од пандемиската слика станува јасно дека грижата за човекот е на прво место

Интервју со Елена Антоновска, сопственичка и генерална менаџерка на Центарот за личен и професионален развој „Арс Луцида“ во кое го најавува новиот бренд кој ќе им понуди на клиентите индивидуален пристап во развојот и ќе помогне за потенцирање на холистичкиот пристап, зборува за нови проекти, кампањи и активности што ќе бидат уште посеопфатни и добро структурирани, а истовремено ќе внесат уште повеќе интимност и доверба во процесите што ги работи тимот, но и за членството во Интернационалната коучинг федерација кое покажува високо ниво на компетенции, етичност и професионалност, особено што во Македонија Антоновска сè уште е единствена членка и единствен „професионален сертифициран коуч“ од неа (ICF-PCC)

 

МАРИЛИ: Со кои новини може да го претставиме брендот „Арс Луцида“ кој како концепт се практикува повеќе од 15 години? Каков е пристапот кон индивидуите, а каков кон тимовите? 

АНТОНОВСКА: „Арс Луцида“ во последните години навистина стана препознатлив бренд кога станува збор за личниот и за професионалниот развој. Но, уште повеќе сме горди со фактот дека станува препознатлив по прекрасната мешавина на најразлични методи и техники, како на личниот - така и на професионалниот развој, кои добиваат на значење и на тежина.

Холистичкиот пристап кој во „Арс Луцида“ се негува од самите зачетоци на брендот останува наш приоритет, бидејќи тоа им овозможува на клиентите да остварат длабока и трајна промена и да го разберат развојот како процес кој трае постојано, низ целиот живот.

Арс Луциданегува суштинска промена - преземање одговорност, подигнување на свеста на групите и на индивидуите. Различноста ни дава можност да се занимаваме со човекот, тимот или со компанијата од холистичка перспектива, набљудувајќи ги како еден комплексен систем. Системското размислување и согледување овозможува побрзо и полесно да ги лоцираме критичните точки и да ги насочиме кон побрз и поефективен развој и унапредување. 

Во таа смисла, секако дека ќе го задржиме овој пристап, но на други креативни начини, како што се нови проекти, кампањи и активности, кои ќе бидат уште посеопфатни и подлабоки.

Ќе презентираме нов бренд, кој ќе им понуди на клиентите индивидуален пристап во развојот, повеќе можности и насочена, односно конкретна работа со нив, без оглед дали се работи за индивидуи, тимови или за компании.

Истовремено креираме и активности со кои би сакале да внесеме уште повеќе интимност и доверба во процесите кои ги работиме, а особено ексклузивност во пристапот и едно уште повисоко ниво на професионалност.

Секако, да не заборавиме дека ќе оствариме и поголем ангажман во сферата на коучингот, во негово афирмирање, информирање на јавноста, промовирање и едукација на професионални коучеви.

 

МАРИЛИ: Со кои ситуации/проблеми најчесто се среќавате при работа со клиентите? 

АНТОНОВСКА: Соочени сме со нови околности и услови на животот, кои генерално се ограничувачки од секој аспект. Новонастаната ситуација во себе содржи и можност, но и закана.

Можностите на ситуацијата се однесуваат на развој во секоја смисла, бидејќи кај нас ова помалку се бара, за разлика од останатиот дел од светот. Како резултат на тоа, нашата работа моментално се одликува со случаите кои се производ на „закана“, стрес и страв: анксиозност, паника, параноја, разни психолошки состојби, но и физички манифестации и тешки здравствени состојби, што всушност се и состојбите со кои најчесто се соочуваме од клиентите. Тоа посочува на тоа дека опасноста од нарушување на внатрешната и на психолошката состојба е веќе сериозна, а луѓето ја прифаќаат како нивна реалност.

Искуствата од изминатиот период ни покажаа дека на прв поглед се соочуваме со физичка закана наречена Ковид-19 и тоа е сосема во ред од аспект на тоа дека мора да се има превентива и да се почитуваат мерките на Владата за справување со ситуацијата. И доколку сите преземеме одговорност и го почитуваме горенаведеното во разумна мера, веројатно други предизвици и ќе немаше. Но, нивото на одговорност се покажа дека е незавидно, но исто така и способноста на луѓето да се соочат со себеси и приземно да ги обработуваат информациите кои ги добиваат и рационално да ѝ пристапат на целата ситуација, без екстреми.

Реков на прв поглед, бидејќи од целата ситуација произлегоа многу посериозни и реални закани за сите, почнувајќи од егзистенцијални и финансиски, до психолошки и социјални. Целата ситуација премина во предизвик за:

-         деловниот живот - (бизнисот воопшто, компаниите на кои примарна дејност им се луѓето – давање услуги, едукација итн.), а со тоа и на ослабување на економијата воопшто, како и на економската моќ на населението глобално. Се случи повлекување на активната парична маса, „кеш флоу“ е скоро и сведен на нула, стравот за преживување доведе до стопирање на слободен тек на парите на пазарот.

-         социјалниот живот - доведе до напливи на негативни емоции и избивање на негативни ментални концепти, ставови и уверувања, отуѓување, недостаток на социјална интеракција и страв од неа.

-         психолошката состојба - каде преовладува страв, анксиозност, паника, ментална преоптовареност, претерана грижа, осуда, омраза и предизвикување на базичните инстинкти на преживување, но не во најдобрата смисла на зборот.

-         здравствената состојба која, освен што е конектирана со Ковид-19, е и под директно влијание на сите овие горенаведени фактори. Колку е полабилна психолошката состојба, како и виртуелната или реалната опасност од надворешниот свет - толку е поголем падот на имунитетот и поголеми се шансите за заболувања.

 

МАРИЛИ: Дали за истите ситуации/проблеми сметате дека се последица од пандемијата?