„Дајмонд Дентал и Естетик Центар“ - Совршени насмевки и природен изглед преку современи естетски решенија

Интервју со д-р Даниела Михајловска, сопственичка и генерална менаџерка на „Дајмонд Дентал и Естетик Центар“ во Скопје и Гостивар, компанија која е основана пред повеќе од 15 години и успешно опстојува на македонскиот пазар. Визијата на д-р Михајловска, уште од почетокот, е да создаде место каде стоматологијата и естетиката се спојуваат и да понудат врвни услуги со највисок квалитет. Покрај специјализацијата во ортодонцијата, д-р Михајловска веќе долг период активно работи и во областа на фацијалната естетика и е пионер во воведувањето на филери во нашата држава.
„Приказната со филерите започна пред повеќе од една деценија кога забележав дека пациентите имаат сè поголема потреба од комплементарни услуги што се дополнување на стоматолошките третмани... Денес со гордост може да кажам дека сум пионер во воведувањето филери во нашата држава....Постојано учествувам на светски конгреси, специјализирани работилници и семинари. Овие искуства ми овозможуваат да ги применувам најмодерните методи за регенерација и подмладување на кожата, обезбедувајќи им на пациентите природен изглед и долготрајна свежина.“ - вели д-р Михајловска.
Д-р Даниела Михајловска е овогодишна лауреатка, прогласена за една од најуспешните жени менаџери од земјава и региониот на 29-тото издание на манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери“, во организација на агенција „Марили“.
МАРИЛИ: Д-р Михајловска, од кога постои „Дајмонд Дентал и Естетик Центар“ и со кои дејности се занимава? Лоцирани сте во Скопје, но и во Гостивар. Каква е фреквенцијата на пациенти во двата центра?
Д-Р МИХАЈЛОВСКА: „Дајмонд Дентал и Естетик Центар“ е основан пред повеќе од 15 години и од почеток наша визија е да создадеме место каде што стоматологијата и естетиката се спојуваат за да понудат највисок квалитет на услуги.
Наша цел е да обезбедиме не само здрави и убави насмевки туку и да ја истакнеме природната убавина на лицето преку современи естетски решенија.
Работиме со врвна опрема и материјали, а нашиот тим е составен од високо квалификувани стручњаци. Центрите во Скопје и во Гостивар секојдневно ги посетуваат голем број пациенти.
Во Скопје има поголема фреквенција, тоа е очекувано поради метрополскиот карактер, но и центарот во Гостивар ужива голема доверба од пациентите во регионот.
Оваа динамика е резултат на нашата континуирана работа, исклучителен професионализам и посветеност на секој пациент.
МАРИЛИ: Покрај тоа што сте стоматолог, специјалист ортодонт, Вие се занимавате и со фацијална естетика за што сте експерт. Објаснете поконкретно што всушност значи КОЛ-Цитосијал тренер и мастер за АПТОС?
Д-Р МИХАЈЛОВСКА: Покрај специјализацијата во ортодонцијата, веќе долг период активно работам во областа на фацијалната естетика.