Лидија Трипуноска, генерална менаџерка на „Марили“, дел од конференцијата „Жени без ПАРдон“ во организација на Универзитетот ПАР од Ријека

Во четврток, на 16 ноември 2023 година, на Универзитетот ПАР во Ријека, Р. Хрватска се одржа десеттата конференција „Жени без ПАРдон“.

Овогодинешниот собир на жени од различни сектори претставуваше динамично место за размена на идеи, инспирација и поттик за зајакнување на улогата на жената во светот на бизнисот. Главната тема на конференцијата беше „Менторство и вмрежување“, а на два панели, неколку успешни жени ги истражуваа клучните аспекти од горенаведеното. Панел дискусиите беа модерирани од д-р Гордана Николиќ, вонреден професор и деканка на Универзитетот ПАР од Ријека.

Панелистките Андреа Човиќ Видовиќ, в.д раководител на претставништвото на Европската комисија во Хрватска; Вишња Мраковчиќ Шупек, раководител на советодавната програма на ЕБОР за мали и средни претпријатија во Хрватска; Марина Шабиќ, Хрватска агенција за мал бизнис, иновации и инвестиции HAMAG BICRO, филијала на PGŽ, како и Весна Бартоловиќ Станчиќ, раководител на регионалната канцеларија на HBOR за Приморје и Горски Котар, ги споделија своите искуства, ги разгледаа најновите трендови и дадоа конкретни насоки за тоа како да се максимизираат придобивките од менторството и вмрежувањето.

На втортиот, подеднакво важен панел учествуаа панелистките Јована Чутул, основач и претседателка на здружението „Жени за островот од островот Крк“, Лидија Трипуноска, генерална менаџерка на агенцијата МАРИЛИ од Скопје, Сања Путица, претседателка на дубровничкиот огранок на Здружението на деловни жени Круг и Иванка Авелини, почесна професорка со посебни заслуги од Факултетот за туризам и угостителство во Опатија.

Генералната менаџерка на агенција „Марили“ од Скопје, говореше за речиси тридецениското постење на компанијата, препреките и предизвиците низ годините, за поддршката на жената во бизнисот, состојбата со квотите во нашето општество, како и за борбата за родова рамноправност. Трипуноска зборуваше и за солидарноста меѓу жените во бизнисот како еден од предусловивите за развој , како и за менторството и вмрежувањето, пред сѐ на жените претприемачки.

За време на панелот беше нагласена важноста на различностите во менторството, при што беше истакнато дека менторството ги надминува традиционалните форми.

Исто така, имајќи ги предвид современите предизвици на деловниот свет, беше потенцирано влијанието на технологијата врз начинот на кој жените градат и одржуваат деловни мрежи.

 Се разговараше за дигитално вмрежување, употребата на социјалните мрежи и виртуелните платформи, а се разговараше и за конкретни стратегии и програми насочени кон поттикнување на вмрежувањето.

Така, панелистите споделија примери на успешни иницијативи кои придонеле за создавање мотивирачка средина за жените во деловниот свет. Истовремено, панелистките се согласија дека исклучително важни се континуираите заложби за зајакнување на положбата на жената во различни сфери на општественото делување.

Како заклучок, тие ја истакнаа неопходноста од воведување на промените на национално и меѓународно ниво со цел да се обезбеди правда, еднаквост и поддршка за жените во остварувањето на нивниот целосен потенцијал во општеството.

Во разговорот „еден на еден“, Марија Мажар, главен уредник на порталот Стилуета, ја угости Данијела Мартиновиќ, пејачка и писателка, која ја претстави и својата нова книга со наслов „Туширање на душата“.

Наградата PARDonna за 2023 година и беше доделена токму на Данијела Мартиновиќ.

 „Исклучителна чест ми е што сум дел од оваа прекрасна манифестација „Жени без пардон“. Не можев ниту во сон да очекувам да се најдам рамо до рамо со толку големи, силни, храбри и инспиративни жени кои срушиле многу предрасуди. Наградата PARdonna ме трогна затоа што е симбол на признание за тоа што сум, а не само за перцепцијата на јавноста како пејачка. Преку зборовите напишани во мојата книга „Туширање на душата“, луѓето имаа можност да ја запознаат вистинската Данијела, и тоа навистина ме прави горда. Затоа, мојата порака до сите жени е да се осмелат да се слушаат себеси, дури и кога тоа значи соочување со правливите тунели на сопствените стравови. Некои од најубавите моменти и најбогатите искуства често доаѓаат токму од таквите предизвици. Важно е да чекориме храбро низ животот, бидејќи искуството што го стекнуваме на тој пат е често поскапоцено од кое било стекнато знаење“, изјави Мартиновиќ.

 Програмата беше заокружена со музичкиот настап на мешаниот хор „Врело Фужине“.


Статијата е прочитана 598 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско