Градинки „Светот на Колорес“ - Правилен развој на децата, градење самодоверба и поттикнување грижа за себе и другите

Интервју со Билјана Караманолевска, директорка на приватната детска градинка „Светот на Колорес“ во кое зборува за функционирањето на градинката која располага со три објекти, за спецификите и предностите за престој на децата во овие градинки, за тоа како е во континуитет успешно да се менаџира со специфичен бизнис како што е згрижувањето деца од претшколска возраст.
Во консултација со стручниот тим во градинките, Караманолевска дава осврт, но и препораки за тоа како треба децата да се воспитуваат за правилно да растат и да се развиваат и да стекнат самодоверба и независност.
МАРИЛИ: Вие сте директорка на приватните детски градинки „Светот на Колорес“. Накратко, кој е капацитетот на градинките, кои се спецификите и предностите за децата кои ги посетуваат вашите градинки?
КАРАМАНОЛЕВСКА: Нашите три објекти располагаат со капацитет за сместување на 270 деца. Располагаме со два објекта во населба Карпош и еден во населба Аеродром, со план за идно проширување. Децата во нашите градинки се поделени по групи, од најмала група или јасли, до групи составени од дечиња од претшколска возраст.
Најголемиот дел од денот децата го поминуваат на отворено, надвор, осознаваат спонтано и низ игра.
Исто така, децата имаат можност да учат од професионален тим кој секојдневно ги надоградува знаењата и методите за раст и развој на деца кои понатаму ќе умеат храбро да чекорат низ животот.
Тука се и дидактичките средства со чијашто помош, децата заедно со учителките создаваат и извршуваат најразлични задачи.
Нашата цел е секое дете, индивидуално да стекне одредени способности:
-да развие интелигенција, креативност и талент,
-да може само да носи одлуки,
-да ги почитува и да се грижи за другите и природата,
-да стекне самодоверба и независност.
МАРИЛИ: Со каков тим на стручни лица соработуваат градинките и колку нивните анализи и препораки се применуваат во воспитниот процес?
КАРАМАНОЛЕВСКА: Во градинката се вработени стручни лица а соработуваме и со стручни лица од надвор. Има дефектолог, логопед, педагог, музички педагог.
Додека пак надворешните соработници доаѓаат по потреба, за одржување на час по англиски јазик, час по француски јазик, јога и други активности.
Се користат методи кои придонесуваат за правилен раст и развој кај децата.
МАРИЛИ: Кои се главните согледувања и прашања кои се наметнуваат за децата во современиот, динамичен начин на живот ?
КАРАМАНОЛЕВСКА: Современиот динамичен живот придонесува децата сѐ повеќе да ја користат технологијата, со што стануваат поагресивни, без концентрација и слаби моторички вештини.
Затоа, нашата препорака е дека детето од најрана возраст треба да посетува градинка.
МАРИЛИ: Како да му кажеме на детето „не" и да научи дека не може да добие сѐ во секое време?