„Марили Бизнис Клуб“ одбележа 10-годишен јубилеј и ги промовираше новите членки

 

„Марили Бизнис Клуб“ на 8.10.2025 (четврток) одбележа 10-годишен јубилеј во  Стопанската комора на Р.С. Македонија и ги промовираше новите членки на Клубот, кои беа дел од овогодишната 30-та  јубилејна манифестација „Избор на најуспешни жени менаџери“.

Јубилејниот настан го модерерираше проф. д-р Маја Кузмановска, професор на Бизнис Академија Смилевски – БАС, во присуство на над 60 членки на Марили Бизнис Клуб, пријатели и соработници на агенција „Марили“ и специјални гости од Р. Косово и Р. Црна Гора.

Во пригодното обраќање, сопственичката и генерална менаџерка, Лидија Трипуноска ги нагласи соработката, вмрежувањето и пријателствата кои беа создадени преку средбите и дружбите на „Марили Бизнис Клубот“, за хуманите дела и донации кои беа релизирни преку делувањето на Клубот.

Седум менаџерки се стекнаа со членство во Марили Бизнис Клубот добија обележја Клуб картичка и значка од Клубот.

М-р Јаглика Јорданова Андријеска - Сопственичка и управител со неограничени овластувања во Друштво за ревизија РСМ Македонија ДОО Скопје

 „РСМ Македонија“ е семејна компанија, а како дел од една од водечките глобални ревизорски мрежи РСМ, на локалниот пазар е активна од 2004 година. Препознатливи се по тоа дека не се само даватели на услуги, туку се вистински партнери на растот, иновацијата и дигиталната трансформација на нивните клиенти. Се водат од принципот дека клиентот мора да биде навистина разбран.

Компанијата со седиште во Скопје и канцеларии во Битола и Тетово, обезбедува цел спектар на услуги – ревизија на финансиски извештаи, сметководство, даночен и деловен консалтинг, како и ИТ-решенија преку „РСМ ИТ Македонија“. Доверлив партнер се на повеќе од 300 компании. Како членка на глобалната мрежа „РСМ“, им обезбедуваат на клиентите поддршка не само на локално, туку и на глобано ниво. М-р Јаглика Јорданова Андријеска повеќе од пет години била управувачки партнер на „РСМ Македонија, а во моментов е управител со неограничени овластувања. Дисциплинарана, трдуољубивива и упорна, го живее мотото „што се мора – не е тешко“. Силно ја цени поддршката од семејството, пошироката фамилија и секако, од тимот.

Александра Шкемби Антовска - Генерален директор на „SIGAL Life Insurance Group“

„SIGAL Македонија“ e присутна на македонскиот пазар повеќе од две децении, градејќи ја својата репутација на професионализам, доверливост, етика и иновативност како дел од регионалниот лидер во осигурувањето.

„SIGAL Life“ нуди широк спектар на производи, вклучително традиционално животно осигурување, осигурување на живот поврзано со инвестициски фондови, осигурување на живот без штедна компонента, како и дополнителни осигурувања од незгода и здравствено осигурување.

Шкемби Антовска не менаџерска позиција во осигурувањето започнува како директор за животно осигурување, член на Управен одбор на Друштвото во 2011 година, а од 2018 година е на чело на компанијата. Ја краси челична упорност, карактеристика која и помогнала да не се откажува и покрај многуте препреки. „Клучно за континуиран успех и импакт врз македонската економија е комбинацијата од визија, тимска култура и адаптибилност“, вели Шкемби Антовска.

Мелита Гугуловска  - Генерална директорка на „Сава oсигурување“ а.д. Скопје

„Сава Осигурување“ а.д. Скопје е присутно на пазарот повеќе од 30 години, а под брендот САВА речиси две децении. Сава, покрај друштва за осигурување, опфаќа пензиски друштва, инвестициски фондови, здравствени установи, асистентски друштва и софтверска компанија во регионот.

Друштвото е регистрирано за неживотни осигурувања и низ годините изгради имиџ на доверба, сигурност и стабилност. Фокусот секогаш е ставен на клиентите и секоја година развиваат нови осигурителни производи по нивно барање.

Мелита Гугуловска е етаблиран експерт во сферата на финансиите и осигурувањето. Повеќе од две децении е на менаџерска позиција во „Сава Осигурување“, од кои девет години е член на Управата на друштвото. Иако е инженер, во осигурителниот сектор работи повеќе од три децении. Има јасна визија, сака промени и предизвици, сака да работи надвор од комфорната зона, а посебно е горда на својот тим.

Биљана Мишиќ - извршна директорка на „Иуте Македонија“

 „Иуте Македонија“ е дел од естонската групација ИУТЕ или IUTE Group и е присутна на македонскиот пазарот од 2017 година, како финтек платформа со амбиција да изгради интегриран финансиски екосистем.

ИУТЕ во суперапликацијата Myiute ги обединува личното финансирање, осигурителните услуги, моделот „Купи сега – плати подоцна“, како и дигитален паричник и плаќања. Користат модели базирани врз машинско учење и предиктивна аналитика што во реално време анализираат стотици параметри, со минимална човечка интервенција.

Биљана Мишиќ е на водечки позиции речиси две децении, а на чело на „Иуте Македонија“ веќе три година води тим што постојано расте и иновира и е посебно горда на истиот. Ја одликуваат строга дисциплина, храброст, конзистентност и прилагодливост. Сака постојано да учи и да се надградува бидејќи финтек секторот не дозволува стагнација.

M-р спец. фарм. Татјана Стерјева - Сопственичка и генерална менаџерка на „ЕУРОФАРМ“ увоз-извоз ДООЕЛ Битола

„Еурофарм“ е основана во 2000 година како семеен бизнис и e лидер на македонскиот фармацевтски пазар со 123 современи аптеки и над 620 вработени.

Во изминатите 26 години компанијата ја градеше својата позиција преку систематска работа, вложување во човечки ресурси и создавање мрежа од современи аптеки со отворен пристап, професионална грижа и континуирана едукација на фармацевтите.

„Еурофарм“ редовно се наоѓа помеѓу 100 најголеми компании во Македонија. Годинава, од компанијата подготвуваат нов значаен проект, изградба на нова, современа веледрогерија. Освен што е општествено одговорна компанија, „Еурофарм“ е силен поддржувач на македонскиот спорт, посебно преку ракометниот клуб „Пелистер“ кој е во нивна сосптвеност.

М-р Стерјева има импресивно дведецениско менаџерско искуство, ја красат смиреност, темелност и трудољубивост. „Кога би требало да го издвојам најубавиот дел од целата досегашна приказна би рекла дека тоа е довербата на пациентите што нe следи со децении, а и на тимот, што беше и остана срце на оваа компанија“, вели м-р Стерјева.

Д-р Василка Салевска-Трајкова - Сениор менаџер за Корпороративни прашања „Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп“ Д.О.О. Скопје

Стратегиското партнерство меѓу Philip Morris International и Тутунски Комбинат Прилеп трае повеќе од 12 години и е пример како добрата соработка може да донесе вистинска вредност - и за индустријата и за државата.

Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп е компанија ја чува долгата традиција на македонското тутунопроизводство, но ја носи индустријата напред, кон модерен, одржлив и иновативен систем. За 10 години овозможија производство на рекордна количина што, покрај за домашна употреба, се извезува на повеќе од 11 пазари во ЕУ и во светот. Нудат широко портфолио на производи што значајно придонесуваат кон создавањето општество без чад од тутун. Лидери се на промените што нуди подобри алтернативи на повеќе од 95 пазари во светот. Д-р Салевска – Трајкова во компанијата е на менаџерска позиција повеќе од шест години, но искуството го стекнува и унапредува повеќе од 20 години. Нејзиниот успешен кариерен пат е резултат на континуирана работа, љубопитност и подготвеност постојано да учи. Верува дека професионалниот раст е колективен процес.

„Основата ја понесов од дома, со врежани вредности, како одговорност, чесност и почитување на луѓето. Низ годините научив дека развојот никогаш не завршува. Верувам во луѓето со кои работам и во системот што заедно го градиме.“, вели д-р Салевска – Трајкова.

М-р Златица Цивкароски, член на Управниот одбор, Шпаркасе Банка АД Скопје

М-р Златица Цивкароски е професионалец во финансиската индустрија со речиси две децении искуство во банкарскиот сектор и лидер кој низ својата кариера се посветува на развојот на луѓето, стратешкото размислување и создавањето долгорочни вредности.

Речиси три години е членка на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје, каде што е одговорна за управување со области од клучно значење за стабилното и одржливо работење на Банката – од ликвидност и кредитен ризик, до усогласеност со прописите и правни ризици. Нејзината професионална приказна е дел од приказната на

Шпаркасе Банка, која речиси две децении е присутна на македонскиот пазар, со фокус на иновациите, зеленото финансирање и потребите на новите генерации. Денес, Банката има повеќе од 160.000 активни клиенти, од 40% се млади луѓе.

За г-ѓа Цивкароски, лидерството не е само позиција, туку одговорност кон луѓето и кон иднината. Таа верува дека континуитетот и довербата се темел за создавање квалитетни тимови и успешни организации.

„Лидерството се мери преку способноста да се водат и мотивираат тимовите, да се донесуваат одлуки со траен ефект и да се создаде средина во која луѓето растат заедно“, вели Цивкароски. Нејзината приказна потсетува дека професионалниот успех не се гради само низ позиции и резултати, туку и преку луѓето со кои растеме, вредностите што ги негуваме и одлуките што оставаат трага.

Специјални гости на јубилејот беа г-ѓа Санија Мурати од НВО „Лејди“ од Приштина, Р. Косово и г-ѓа Едита Даутовиќ, сопственичка и генерална менаџерка на Агенција за недвижности „Милениум“ од Подгорица, Р. Црна Гора, која е и поетеса и прозаист, авторка на неколку стихозбирки и поеми.

Санија Мурати е активистка и хуманистка која повеќе од две децении неуморно работи на афирмација на косовската жена, преку невладината организација „Лејди“, која многу жени ја нарекуваат „најтоплиот советодавен дом за жени“, како и преку организацијата „Balkan Women Association“.

Мурати, со својата макотрпна работа ги вмрежува жените од Западен Балкан, организира работилници, но и меѓунарнодни конференции за зајакнување на положбата на жените од целиот регион, на кои чествувале и членките на „Марили Бизнис Клубот“. Добитник е на наградата „Круна на успехот“ доделена од Владата на Косово и наградена е како една од најуспешните жени менаџери прогласена во 2023 година на изборот „Избор на најуспешни жени менаџери.

М-р Едита Даутовиќ беше прогласена за една од најуспешните жени менаџери за 2022 година на регионалната манифестацијата „Избор на најсупешни жени менаџери“ што се одржа во Охрид. Беше и панелистка на првиот „Марили Бизнис Форум“.  

Организатор и идеен творец е на манифестацијата „Моќта на жената“. Како амбасадор на женското претприемништво во Црна Гора и во странство, таа ги промовира иновациите, социјалното претприемништво и жените во бизнисот со мисија да го зголеми нивниот број во Црна Гора. Нејзината хуманитарна работа која се однесува на потешко вработувачките категории жени и лица со попреченост, е исто така многу значајна.

Кон крајот на првиот дел „Марили Бизнис Клуб“ и додели Специјална благодарница на Мирјана Марковска, сопственичка на адвокатската канцеларија „Марковска & Андревски“, долгогодишна соработничка и членка на Марили Бизнис Клубот, Мирјана Марковска и основач и претседателкана Здружението „ХОУП“ за поддршка на лица со афазија.

Во рамки на оваа средба се одржа и темелна едукација за Естетската медицина, придобивките и опасностите од нејзината неадекватна примена и за најновата терапија за регенерација и ревитализација на кожата со егозозоми.

Едукацијата преку свои презентации одржаа д-р Андријана Ѓорѓеска, специјалист по општа хирургија, супспецијалист по пластична и реконструктивна хирургија од ЈЗУ  Клиника за пластична и реконструктивна хирургија во Скопје,  потоа генералната менаџерка на ЛНТ Диагностик, Наташа Паунова Блажевска која за првпат во нашата земја ги донесе иновативните автологни егзозоми добиени од сопствена крв и д-р Горица Дачевска од ПЗУ „Др. Горица“, еминентен лекар, дерматовенеролог и врвен дијагностичар која говореше на тема „Егзозоми, сила на сопствената регенерација, персонализиран пристап кон регенеративнаестетика и решавање на дерматолошки проблеми.

 

 


Статијата е прочитана 407 пати.

Сподели:


Видео: 30 години Агенција Марили

30 години јубилеј на агенција „Марили“

kb

oxxete