Анета Антова Пешева од групацијата „Ултра- Унет“  - Од пионерка во технологијата до регионална амбасадорка на женското претприемаштво

Повеќе од три децении, Анета Антова Пешeва гради мостови меѓу технологијата, бизнисот и женското лидерство. Како дипломиран инженер по електротехника, коосновач и директор на групацијата ULTRA Computing / Unet Group, претседателка на Собранието на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии - МАСИТ и почесен конзул на Канада, таа со својата работа докажува дека иновациите и економската моќ не познаваат граници.

Преку глобалните мрежи како G-100 и Global Summit of Women, но и со силната посветеност на нашиот регион, Анета прераснува во еден од клучните столбови на поддршка за претприемачките во Црна Гора.

Од програмата „Invest for the Future“ до денешните заеднички проекти, нејзината несебична поддршка отвора врати за новите генерации успешни деловни жени и ја зајакнува регионалната економска соработка.

За визијата што го обединува регионот, долгогодишната посветеност на афирмацијата на жените во бизнисот и создавањето нови можности за заеднички напредок, на Анета Антова Пешeва ѝ беше доделено признание за придонес во развојот на регионалната соработка и промоцијата на женското претприемаштво.


Статијата е прочитана 118 пати.

Сподели:


Видео: 30 години Агенција Марили

30 години јубилеј на агенција „Марили“

kb

oxxete