Народната банка е чекор поблиску до воспоставување склад на податоци за потребите на екстерните статистики со поддршка на ЕУ

Народната банка успешно ги заврши активностите поврзани со првите две фази од компонентата за воспоставување склад на податоци за потребите на екстерните статистики коишто произлегуваат од проектот финансиран од ЕУ „Зајакнување на капацитетот на Народната банка во областа на екстерните статистики, платежната статистика и платните системи“.

Првата фаза од активностите од проектот финансиран од ЕУ опфаќаше пред сѐ анализа на постојната состојба и подготовка на функционална спецификација, а втората фаза се однесуваше на изработката на дизајнот на ИТ-решението и на нацрт-документот. Следните фази од проектот ќе вклучуваат развој, тестирање и воведување на новото системско решение.

Проектот финансиран од ЕУ ќе овозможи воспоставување современ склад на податоци за потребите на екстерните статистики, унапредување на интерните работни процеси преку нивна понатамошна дигитализација и оптимизација, зголемување на оперативната ефикасност, како и обезбедување поквалитетни, посеопфатни и подостапни статистички податоци за јавноста и институциите. Истовремено, поддршката од ЕУ претставува важен придонес за исполнувањето на обврските во процесот на европска интеграција и за понатамошното усогласување со статистичките стандарди и практики на Европската Унија.

Проектот финансиран од ЕУ за „Зајакнување на капацитетот на Народната банка во областа на екстерните статистики, платежната статистика и платните системи“, покрај воспоставување склад на податоци за потребите на екстерните статистики, вклучува и компонента за усвојување на новиот светски стандард ISO 20022 во Македонскиот интербанкарски платен систем (МИПС).


Статијата е прочитана 59 пати.

Сподели:


Видео: 30 години Агенција Марили

30 години јубилеј на агенција „Марили“

Охридско лето 2026

kb

oxxete