Одржан 5-тиот Форум за екотуризам преку регионални практики во организација на „Еко Партнерс“
Во организација на Здружение на граѓани за екологија, туризам, органско производство и истражувачка дејност Еко Партнерс се оддржа 5-ти „Форум за еко туризам преку регионални практики” во хотел Александар Палас.
На Форумот еминентни професори и експерти се осврнаа на екотуризмот кој е еден од најбрзорастечките сектори во туристичката индустрија, со годишна стапка на раст од 20-34%,и екотуризмот придонесува за зачувување на биолошката разновидност и промовира одржлив развој во локалните заедници. На 5 -тиот Форум и на предвиените панели земаа учество еминентни професори и експерти на полето од екотуризмот и руралниот туризам кој извршија позитивно влијание во изминатите години за негово регионално етаблирање и развој, покрај експертите од нашата земја присутните имаа прилика да бидат дел од излагањата на експерти на ова поле од регионот.
Туризмот претставува моќна економска гранка која може значително да допринесе во стабилизирање и раст на македонската економија во следната декада. Екотуризмот како посебна туристичка форма може да го стабилизира еколошкото еродирање во Македонија, да помогне во подигање на еколошката свест, локалниот економски развој, изградувајќи генерации кои со неговата примена ќе создадат локален економски развој на ниво на останатите земји во регионот.
На првиот панел ЗЕЛЕНИ ХОРИЗОНТИ –менување на патувањето преку екотуризмот, се осврнаа неколку експерти:
„Многупати не можеме да ја повлечеме линијата помеѓу руралниот и еко туризмот,кај нас се повеќе се развиваат руралните подрачја,а одлични носители на екотуризмот се заштитените подрачја, националните паркови и паркови на природата и други форми на заштита,токму затоа што има професионален кадар, но од друга страна затоа што имаме можност за големи ЕУ средства за одржливо управување” истакна еден од панелиситите г-ѓа Дијанa Катица Претседател на хрватска асоцијација за туризам и рурален развој “Тhe Viilage Memeberhip club“, и директор на Евриопска културна рута во Хрватска и како долгогодишен експерт на развојот на руралниот развој во Хрватска и неговата категоризација и промоција.
„Голем број на земји ја темелат туристичката понуда на екотуристичките форми, зачувувајќи ја природата, со дополнителна едукација на локалното население и туристите кои ги посетуваат дестинациите, внимавајќи на границата која не смее да се помине, за тој да не претставува пречка и наруши балансот во природата,сведоци сме на голем број на дестинации кои не успеале да ги контролираат посетите и доведувајќи до еколошко еродирање на дестинацијата” изјави Проф. д-р Владимир Стојановиќ – редовен професор и шеф на катедра на Универзитет Нови Сад, Природно –математички Факултет Катедра географија, туризам и хотелиерство.
„Земја со повеќе од 4000 археолошки локалитети, 43 езера, 4 национални паркови, 70 % од територијата се планини, повеќе од 250 винарии и многу други неоткриени туристички можности и затоа потенцијалите ги имаме кои со стратешки пристап треба во наредните 10 години со фокус на екотуризмот да генериранаат повеќе од 1 милијарда долари туристички промет и повеќе од 45.000 вработени во сектор туризам и угостителство. Мораме да работиме и градиме мостови на доверба помеѓу државниот и приватниот сектор, а екотуризмот ќе помогне во нови зелени работни места, локален економски развој, отворање на микро и мали услужни бизниси намалувајќи ја миграцијата. Од таа причина потребен е интегриран државен пристап преку мега - проекти фокусирани на руралниот труизам и екотуризмот кои оддржливо ќе го развиваат македонскиот туристички сектор”, изјави на Форумот доц. д-р Љупчо Јаневски.
„Најбрзо растечеки сегмент од туризмот е еко туризмот,Македонија е туристички неоткриена дестинација, има многу содржини погодни за екотуризам” вели проф. д-р Орце Симов, потпреседател на Сојуз на стопански комори на Македонија и претседател на ИКТ комора.
На второот панел, Екотуризмот и регионални практики, панелистите се осврнаа во своите излагања со практики од регионот, незаобиколен дел во целата туристичка приказна е винскиот туризам кој доколку се држи кон сите начела кон одговорно патување ,заштита на природата и социјализација на локалното население, создавајќи уникатни искуства. Знаејќи дека во последните неколку години малите семејни винарии го разбудија духот на Тиквешијата, свои практични излагања имаше Александар Клинчаров, сопственик нa винарија „Клинчаров“, Ана Лабор „Spirit of Prespa“ сопственик на уникатен концепт на фарма во Ресен - Царев двор, oд каде туристите си одат со полни кошници цреши и јаболки и уште пополна душа од природни вкусови и убавина, проф. д-р Христина Димеска - Трајкова од Природно математички факултет - Институт за географија, се осврна на значењето на руралниот туризам и свои излагања имаше и Игор Гешовски сопственик и директор на „Еко Логистик“.
5- тиот Форум отворивме голем број на теми кои силно ќе одекнат во туристичката индустрија ,донесените заклучоци ќе помогнат на креаторите на политиките подобар фокус, јасни хоризонти и визија за новата стратегија на македонскиот туристички сектор.
Заклучоците од престојниот Форум ќе бидат доставени до Министерствата за култура и туризам и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Статијата е прочитана 152 пати.