Полскиот писател Павел Беренсаревиќ доаѓа во Скопје на промоциите на неговата книга „Шепотено“

Познатиот полски писател Павел Беренсаревиќ, на 1 октомври доаѓа во Скопје и при дводневниот престој ќе биде промовирано македонското издание на неговата книга за деца и тинејџери „Шепотено“, во издание на „Бата прес“. Промоциите ќе се одржат на 2 октомври во 12 часот во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје и во Велес, во ЕУ инфо центарот Europe House во 14 часот.

Детската книга „Шепотено“е објавена со поддршка на Европската Унија и Министерството за култура, а книгата од полски ја преведе Звонко Димоски, во рамките на проектот „За нивната иднина“, со кој „Бата прес“ оваа и минатата година во програмата „Креативна Европа“ објавува петнаесет книги за деца и за млади од петнаесет познати европски автори.

До крајот на годинава „Бата прес  во соработка со ЕУ инфо центарот и Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ќе организира гостување и промоции на неколку европски автори чии што книги во издание на „Бата прес“, во рамките на овој проект се објавени на македонски јазик.

Станува збор за роман во кој младите тинејџери, средношколци, организирани преку социјалните мрежи наоѓаат различни работи и заработуваат пари за да одат и да го гледаат финалето на фудбалски натпревар во Лигата на шампиони.

Но, некои работни активности поттикнуваат морални и етички прашања што ќе ги стави овие момци пред една дилема: дали вреди сето тоа да се работи за да се присуствува на ова финале?!

Павел Беренсевиќ е автор на романи и стихови за деца, раскази, речници, преводи.

Дипломирал англиски јазик на Варшавски универзитет. Меѓу другите ги објавил делата: „Што има кај Ќимковци?“, „Ќимковски приказни, од кои една тажна“, „Како ја засакав Кате Цветчето“, „Дали војната е за девојки“, „Тајната на човекот со лузна“, „Е, нека го тоа чоколадото!“, како и најновите „Повеќе од клуб“ и „Ред на полските расипикуќи“. Тој има добиено голем број високи полски и меѓународни книжевни награди.


Статијата е прочитана 264 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско