Од патарини лани собрани 53, 2 милиони евра

На наплатните станици во државава лани е остварен промет во износ од 3.274.387.335 денари (53.242.070 евра), информираат за МИА од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПД). Ланските приходи се за 6,6 милиони евра повеќе во однос на тие во 2021 година кога изнесуваа 46,4 милиони евра.

На новите патарини, пуштени на 18 јули лани, Преод и Кадрифаково на патниот правец Миладиновци – Свети Николе – Штип, наплатата изнесува 85.599.333  денари, односно 72.861.770 денари.

„Најпрофитабилна“ е патарината Романовце, каде според податоците на Јавното претпријатие за државни патишта, остварениот промет изнесува  400.174.788,00 денари.  Од наплатата на патарината на Миладиновци  се инкасирани 266.361.767 денари, Глумово 258.299.622, Градско 248.125.247 денари, Желино  244.476.653 денари, Гевгелија  236.866.875 денари,  Петровец  205.967.358 денари, Тетово  201.158.821 денари, Сопот 195.984.192 денари, Отовица 188.054.352 денари, Демир Капија  172.813.622  денари и Гостивар    164.536.337 денари.  

При споредбите на прометот на наплатните станици, треба да се земе предвид и цената на патарините по категории, како и дека Сопот и Отовица се единствени кои имаат наплатни кабини само во еден правец, а дека Преод и Кадрифаково се отворени во јули лани. 

Електронската наплата надминува 30 проценти 

Прометит остварен од електронската наплата на патарина преку продажба на електронски уреди и нивни надополнувања во АМЦ Центарот, пак, изнесува  333.106.598  денари.                                         

Од почетокот  на воведувањето на електронската наплата на патарина, од јули 2019 година па се до 1 март годинава електронската наплата бележи постојан раст како во продажба на електронски уреди, така и во нивно надополнување.


Статијата е прочитана 138 пати.

Сподели: