Саем за вработување и кариера на Техничкиот кампус на УКИМ

Саем за вработување и кариера – Job Fair во организација на Бордот на европски студенти по технологија – Скопје (БЕСТ) од денеска до петок ќе се одржи на Техничкиот кампус на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје.

На 18-тото издание на манифестацијата ќе се претстават 90-тина компании кај кои студентите можат да се информираат за сите можности кои ги нудат, вклучувајќи потенцијални работни позиции и пракса.
„Job Fair претставува настан преку кој БЕСТ директно ги поврзува студентите од техничките факултети и компаниите, на тој начин што воспоставува долготрајна професионална основа за деловна соработка. Овогодишното издание ќе се одвива со физичко присуство во холовите на Машински и Технолошко – металуршкиот факултет, каде секоја од нашите партнер компании ќе може да се запознае со студентите од нашите кампуси! Овој настан е можност за големи остварувања во иднина за кариерата на студентите“, велат од БЕСТ.

Веќе осумнаесет години, како што нагласуваат, Job Fair ја остварува својата цел на доближување на иновативните идеи на студентите со компаниите, а воедно им овозможува да се поврзат со компании од техничкиот и ИТ секторот.


Статијата е прочитана 237 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско