Економско-социјалниот совет треба да донесе одлука за висината на минималната плата
Економско-социјалниот совет се очекува денеска да одржи седница на која треба да донесе одлука за висината на минималната плата. Министерската за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во изјава за МИА дадена во петокот обелодени дека седницата ќе се одржи денеска и на неа ќе се разговара за минималната плата.
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во петокот во изјава за МИА објави дека во понеделни ќе се одржи седница на Економско-социјалниот совет на која ќе се разговара за висината на минималната плата.
Очекувањата на Владата се дека минималната плата ќе се зголеми и ќе изнесува околу 20.000 денари.
Со измените на Законот за минимална плата, се воведоа нови критериуми согласно кои минималната плата се усогласува со 50 отсто од трошоците за живот и 50 отсто со растот на просечната плата.
Статијата е прочитана 302 пати.