Битиќи: „Инфлацијата бележи тренд на опаѓање, цените на храната ќе продолжат да се намалуваат“

Инфлацијата бележи опаѓање, тренд што започна во октомври и тоа е убава новина што сите ја гледаме, а во следниот период очекуваме и намалување и цените на млекото и млечните производи, изјави вчера вечер вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на ТВ 21.

„Економските движења укажуваат дека има активности со кои инфлацијата паѓа и што е добра информација за сите. Во овој период и покрај сите одредени мерки за помош и на стопанството и на граѓаните, за жал тенденцијата за раст на цени продолжи и рековме дека мора да се стави крај. Интересот на граѓанинот мора да биде на прво место. Затоа донесовме одлука за замрзнување на цената на основниот прехранбен производ- лебот, рече Битиќи во гостување во емисијата „10 Минути“ на ТВ21.

Битиќи рече дека на владина седница била донесена уште една одлука која дополнително ќе помогне во оваа насока.

„Ги укинавме царинските давачки за тестенини и одредени производи коишто влегуваат во палетата на основни прехранбени производи коишто сметаме дека дополнително ќе придонесе наредниот период да има намалување на цените, рече Битиќи, додавајќи дека трендот на замрзнување на цени ќе продолжи.


Статијата е прочитана 194 пати.

Сподели: