Асоцијација на земјоделците: Се очекува поголемо производство на пченица, треба да се намали зависноста од увозот

За преку 1000 хектарти се поголеми површините со пченица и се очекува зголемено производство на лебното зрно од околу 30 000 тони. Според оценките на Асоцијацијата на земјоделци на Македонија, со перманентно зголемување и на површините и на производството, реален е стремежот кон домашната пченица и да се намали влијанието од увозот, пренесува МИА.

Горан Томески, агроном од Агенцијата за поддршка на земјоделското производство потврдува дека за 10 до 15 насто се зголемени површините со пченица во Прилепско.

„ Зголемени се површините, есенскиот род е во добра состојба и ако во мај и јуни се погодни временските услови, производството очекувано ќе се зголеми“, вели Томески.

Перо Стојкоски, претседател на Асоцијацијата на земјоделци на Македонија оценува дека на ланското произиводство од околу 250 000 тони се очекува зголемен род. Голема улога има интервентниот фонд на Министерството за земјоделство.

„Во 2021 и 2022 година, според моите сознанија, во земјава имаше посеано 75 000 хектари со пченица. Оваа година имаме зголемување на површините под пченица со 1000 хектари повеќе. И очекуваме зголемено производство за 30 000 тони. Секако, освен земјоделските политики, ќе влијаат и временските услови. Интервентниот фонд на Министерството за земјоделство ги зголеми интересот и сигурноста на земјоделците за производството на лебното зрно“, вели Стојкоски.

Сѐ уште мора да увезуваме, но се стремиме кон сопствено производство. Неопходна е перманентната државна поддршка за рентабилност.


Статијата е прочитана 189 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско