ДПИ изврши контрола во над 400 фирми, четири се казнети поради продавање на леб по повисока цена

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) вчера и завчера изврши надзори и контроли во над 400 економски субјекти на ниво на цела држава при што утврди дека генерално се почитува одлуката на Владата за замрзнување на цената на лебот од 450 гама на 33 денари.

„Досега од контролите е утврдено дека цената на лебот во зависност од грамажата и во зависност од различни градови каде се продава изнесува од 25 до 33 денари и дека се доставува леб кој е опфатен со одлуката“, информираат од ДПИ.

Нагласуваат дека Државниот инспекторат и понатаму ќе продолжи да врши контроли кои се однесуваат на почитување на замрзнатата цена на лебот.

Државниот пазарен инспекторат казни три фирми од Скопје и една Куманово поради продажба на леб по цена повисока од 33 денари.

 

Според ДПИ, направени се записници и изречени се парични казни од над 300.000 денари.


Статијата е прочитана 176 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско