ДЗС: Цените на индустриските производи пониски во јануари, но повисоки на годишно ниво

Во јануари 2023 година продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски за 1,9 отсто на месечно и повисоки за 14,4 проценти на годишно ниво.

Според Државниот завод за статистика, во јануари 2023 во споредба со декември 2022 година продажните цени на производителите на индустриски производи се пониски во групите Енергија за 9,5 отсто, Капитални производи за 5,5 и Интермедијарни производи, освен енергија за еден процент. 

Во јануари 2023 во споредба со јануари 2022 година продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Капитални производи за 24,4 отсто, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 18,2 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 12,9, Енергија за 8,2 и Трајни производи за широка потрошувачка за 8,2 отсто.


Статијата е прочитана 164 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско