Светска банка прогнозира раст за 2,4 отсто на македонскиот БДП за оваа година

Светска банка очекува Бруто домашниот производ (БДП) на Македонија да се зголеми за 2,4 отсто во 2023 година. Иако тоа е повисок економски раст во однос на 2022, кога БДП порасна за 2,1 отсто, најновата прогноза е за 0,7 процентни поени под проценката што Банката ја направи за нашата држава во јуни минатата година.

Растот на БДП на Македонија во 2024 година ќе се забрза до 2,7 отсто.

Во најновиот Извештај за глобалните економски перспективи СБ очекува дека Македонија и Косово ќе имаат повисок економски раст од претходната година во споредба со другите земји од регионот.

Лани Косово имаше економски раст од 3,1 отсто, а за оваа и за наредната година се прогнозира раст од 3,7 отсто и 4,2 отсто. Албанија во 2022 имаше раст од 3,5 проценти, а прогнозите за оваа година се раст од 2,2 отсто и 3,4 проценти во 2024. Црна Гора лани имаше рат од 5,9 проценти, годинава е прогнозиран раст од 3,4 отсто, а догодина од 3,1 отсто. БиХ ја заврши 2022 со раст од 4 проценти, додека за оваа година се предвидуваат 2,5 отсто, а за наредната 3 отсто. Србија, пак, лани имаше раст од 2,5 отсто, а оваа година се прогнозираат 2,3 проценти и 3 проценти во 2024 година.


Статијата е прочитана 220 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско